Автомобил удри маж и жена на дивиот премин кај Бит Пазар
Двајца пешаци се повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера попладне кај дивиот пешачки премин во близина на Бит Пазар во Скопје, локација која подолго време се посочува како ризична за пешаците.
Автомобил удрил во маж и жена додека го преминувале булеварот. По несреќата, повредените биле пренесени во болница за укажување лекарска помош.
На местото на настанот пристигнале екипи на Итната медицинска помош и полицијата, а се утврдуваат околностите под кои дошло до несреќата.
Дивиот премин кај Бит Пазар и претходно беше во фокусот на јавноста поради опасноста за пешаците. Надлежните најавуваа негово затворање, но по реакции на дел од граѓаните активностите беа стопирани.
Несреќата повторно го отвора прашањето за безбедноста на оваа делница, која секојдневно ја користат голем број пешаци, и покрај ризикот од движење низ густ сообраќај.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Графикон: Кина целосно го презема рускиот пазар…
На графиконот се гледа како Кина целосно…
Ковачевски го посети пазарот во Ѓорче Петров:…
Премиерот Димитар Ковачевски денеска се прошета низ…
(Видео) Огромен пожар во најголемиот пазар во…
Во Харков гори најголемиот пазар во источна…
Крипто валутите во слободен пад: Зошто постојано…
Крипто пазарот е под голем притисок и…
(Видео) Cтpашно: Повеќе повpeдени во ypнатините на…
Се урна ѕидот во внатрешноста на пазарот…