Адвокатката Коцевска побара исклучување на јавноста поради заканите кон Дејан Јованов – Деко
На судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, каде што загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени, денеска повторно беа отворени прашања поврзани со закани, мерките за обезбедување присуство и однесувањето на дел од присутните во судницата.
Бранителката на првообвинетиот Дејан Јованов – Деко, адвокатката Ивана Коцевска, реагираше на изнесените директни закани по неговиот живот на минатото рочиште и побара тоа да биде нотирано на записник.
На претходното рочиште, додека одбраната на првообвинетиот пред Судот изнесуваше барање за укинување на притворот, дел од оштетените реагираа бурно извикувајќи: „пуштете го, ние да му пресудиме”.
Коцевска, пред почетокот на денешното судење, реагираше и на, како што кажа, „селективноста на мерките за обезбедување присуство, како и селективноста на прогон” на Обвинителството, кое, според неа, по службена должност требало да поведе постапка по изнесените закани по живот.
„Изнесувам предлог за крајно неопходно исклучување на јавноста, со оглед дека Судот е должен да обезбеди ред и заштита на правата на обвинетите” ијави таа пред Судот.
Судијката Дијана Груевска Илиевска нагласи дека досега ниту една закана не е нотирана на записник, без разлика од која страна доаѓаат.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Адвокатката Коцевска побара исклучување на јавноста поради…
На судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“…
Драстично зголемена безбедност на Путин, Кремљ стравува…
Кремљ драматично ја засили личната безбедност на…
На секои 100 граѓани, речиси 22-ца се…
На секои 100 граѓани во Македонија, речиси…
Министерството за правда се огласи по статусот…
Министерството за правда соопшти дека во врска…
Судска медицина: Јаглероден моноксид главна причина за…
На денешното судско рочиште за трагичниот пожар…