Акција на македонско-косовската граница: Фатени тројца криумчари – еве што се заплени полицијата!
Во рамките на оперативните активности за сузбивање на прекуграничниот криминал, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Север вчеравечер, на 31 јули 2026 година, околу 23:00 часот, реализираа успешна акција на подрачјето на селото Блаце.
Постапувајќи по специјален оперативен план за спречување и откривање на лица кои вршат криумчарење преку државната граница, полицијата на самата гранична линија помеѓу селото Блаце и Хани Елезит фатила на дело и лишила од слобода три лица од с. Блаце – Н.Б. (27), Х.Б. (26) и Е.Џ. (21).
Според полициските информации, осомничените биле затекнати во моментот кога претоварувале криумчарена стока, која претходно била нелегално внесена од територијата на Косово. Стоката била товарачена во две возила – товарно моторно возило „мерцедес вито“ со скопски регистарски ознаки и патничко возило „хјундаи“ кое било без регистарски ознаки.

Двете возила, како и целата пронајдена криумчарена стока, се одземени и предадени за понатамошна постапка. За настанот е веднаш известен дежурен јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот, против тројцата уапсени лица ќе бидат поднесени соодветни правни поднесоци.


ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Семејствата на загинатите кај Блаце бараат одговорност…
Семејствата на тројцата загинати во сообраќајната несреќа…
Голема акција на италијанската полиција: Запленета дрога…
Италијанската полиција заплени дрога вредна 3,5 милиони…
Уапсени 21 возач, 13 возеле без возачка…
Во текот на изминатото деноноќие на целата…
Двајца пензионери пријавиле дека 39 годишник ги…
Две повозрасни лица биле физички нападнати на…
Уапсен 19 годишник од Куманово, полицијата му…
На 02.06.2026 во 18:50 часот во Куманово,…