Албанија категорично негира вмешаност во нападот врз руската корвета: „Нашата територија не била лансирна точка“
Албанија категорично ги отфрли тврдењата дека нападот со поморски дрон врз руска воена корвета во либиското пристаниште Бенгази бил изведен од нејзина територија. Албанското Министерство за Европа и надворешни работи соопшти дека земјата немала никаква вмешаност во инцидентот и дека нејзината територија не била користена ниту ставена на располагање за лансирање или овозможување на нападот.
„Извештаите во прашање се неточни и не ги одразуваат фактите. Албанија не беше вклучена во овој инцидент, а нејзината територија ниту беше користена, ниту беше ставена на располагање за лансирање или олеснување на таков напад“, се наведува во реакцијата на албанската дипломатија.
Министерството категорично ги отфрли обвинувањата, оценувајќи дека се изнесени без проверливи докази. Истовремено, ги повика оние што ги шират ваквите информации да ги коригираат и да покажат поголема точност и одговорност при известувањето за чувствителни меѓународни прашања.
Реакцијата на Тирана следува по извештаи дека поморските дронови што ја нападнале руската корвета во Бенгази можеби биле лансирани од албанска територија. Овие тврдења засега не се потврдени со независни докази.
Нападот се случи во неделата, на 22 ноември, врз руската корвета „Меркуриј“, која била закотвена во поморската база во Бенгази. Либиските власти соопштија дека првичната истрага упатува на напад со беспилотни летала, при што бродот претрпел сериозни оштетувања.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски подоцна соопшти дека украинските сили извеле операција со седум поморски дронови, тврдејќи дека целите биле погодени. Сепак, тој не ја потврди информацијата дека дроновите биле лансирани од Албанија.
Прашањето за потеклото и маршрутата на дроновите останува отворено, додека албанските власти инсистираат дека нивната земја не била дел од операцијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Албанија категорично негира вмешаност во нападот врз…
Албанија категорично ги отфрли тврдењата дека нападот…
42 годишна жена од Македонија загина во…
Тешка сообраќајна несреќа со двајца загинати и…
Во Албанија нема веќе средна класа –…
Тирана секогаш ме асоцира на сонце, расположени…
Албанското Специјално обвинителство отвори истрага против Рама…
Албанското Специјално обвинителство за борба против корупцијата…
Рама ја исклучи можноста за оставка, повика…
Албанскиот премиер Еди Рама повторно ги повика…