Албанците со повик за бојкот на Кока-кола: Без ниту едно албанско име на етикетите

t

Кока-Кола се соочува со жестоки критики во јавноста, откако беше обвинета за дискриминаторски и исклучувачки ставови кон албанската заедница во Северна Македонија. Причина за тоа е најновата маркетинг- кампања на компанијата, „Сподели Coca-Cola”, која, според граѓански активисти и корисници на социјалните мрежи, целосно ја игнорира албанската популација – иако таа сочинува околу 20% од вкупното население.

На етикетите од производите кои се дел од кампањата се појавуваат исклучиво имиња насловени на Кирилица и со словенско потекло, вклучувајќи и имиња од торбешката заедница. Албанските имиња и латиницата се целосно отсутни. Дополнително, билбордите низ земјата се поставени главно во средини каде што Албанците се малцинство, како Штип, Струмица, Гевгелија, Дојран и Битола. Промотивните активности се одвиваат само на македонски јазик и во спомнатите градови. Албанскиот јазик е службен во Северна Македонија, но Сoca-Cola, според критичарите, го занемарува неговиот статус и со тоа директно ги навредува 672.840 албански граѓани во земјата. Овие граѓани, велат активистите, секојдневно придонесуваат за економијата како потрошувачи, работници и претприемачи — но се целосно невидливи за маркетинг-стратегиите на компанијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хеликоптер слета среде полна плажа во Грција:…

Хеликоптер денеска слета на плажа полна со…

Уапсен Македонец во Прибој: Подготвувал ликвидација за…

Припадници на Министерството за внатрешни работи на…

Полски аплинист падна во недостапен предел на…

Голема спасувачка операција започна денес откако полски…

Пожарот кај Струмица ставен под контрола, огнот…

Големиот пожар што избувна денеска околу пладне…

Италија со нов систем за пресметка на…

Возачите што патуваат низ Италија би можеле…