Објавено на:

Алигатор долг 3,6 метри усмрти 71-годишен маж додека ловел риба на Флорида

t

Седумдесет и едногодишниот Стив Хамилтон загинал во напад од алигатор додека ловел риба на брегот на мало езерце во Винтер Гарден, Флорида, соопштија надлежните служби, пренесуваат американските медиуми.

Алигатор долг речиси 3,6 метри го повлекол Хамилтон во водата во петокот попладне. Спасувачките екипи пристигнале на местото околу 17:20 часот, по повик до итните служби, но имале потешкотии да му пристапат поради присуството на други алигатори во близина, пренесува локалната телевизија ВОФЛ.

Телото на настраданиот било пронајдено во водата неколку часа подоцна. Според капетанот Мајкл Мејсон од полицијата во Винтер Гарден, алигаторот што го нападнал Хамилтон подоцна бил усмртен.

Мејсон изјавил дека во петокот надлежните не добиле пријава за присуство на алигатори во езерцето, кое е поврзано со езерото Апопка.

„Во него има многу алигатори. Не е невообичаено да се видат во овој дел од градот“, рекол тој, повикувајќи ги граѓаните да внимаваат на околината.

Според него, животното може да изгледа мирно, но тоа не значи дека не е опасно.

На Флорида живеат околу 1,3 милиони алигатори

Иако смртоносните напади од алигатори се ретки, според податоците на Комисијата за заштита на рибите и дивиот свет на Флорида, од 1948 година во оваа американска сојузна држава се регистрирани најмалку 34 смртни случаи поврзани со напади од овие животни. Се проценува дека на Флорида живеат околу 1,3 милиони алигатори.

Смртта на Хамилтон се случила помалку од четири месеци откако 31-годишната Британи Кларк загинала во напад од алигатор додека пливала со партнерот во реката Еконлокачи, во округот Семинол. Животното, долго околу четири метри, било извлечено од реката и усмртено.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Алигатор долг 3,6 метри усмрти 71-годишен маж…

Седумдесет и едногодишниот Стив Хамилтон загинал во…

Ел Сиси: Египет ќе ја брани Саудиска…

Египетскиот претседател Абдел Фатах ел Сиси изјави…

(Видео) Судири меѓу демонстрантите и полицијата во…

Неколку стотици, главно млади луѓе, протестираа денеска…

Кривична пријава за полицаец од Драчево –…

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и…

Кенија потврди 4 нови случаи на ебола

Кенија потврди четири нови случаи на ебола,…