Алиу: Тимови од МВР и Министерството за здравство ќе влезат во 43 компании за производство на канабис за медицински цели

t

Министерот за здравство Азир Алиу најави дека од денеска започнуваат теренските контроли на лиценците издадени за производство на канабис за медицински цели, посочувајќи дека додека траела прес-конференцијата, инспекциските тимови веќе биле на терен.

„Ќе се проверуваат 43 лиценци кои се дадени за производство на канабис за медицински цели“, изјави Алиу, објаснувајќи дека постојат две различни комисии за контрола на овој сектор – една надлежна за административните процедури во рамки на Министерството за здравство, и меѓуресорска комисија формирана согласно законска рамка на Владата, чија улога е да анализира политики поврзани со овој тип процеси. Првата комисија работела и досега за што имало извештаи, додека владината, последен извештај има во 2017 година.

Министерот нагласи дека во сила се два правилници – стар и нов – кои во моментот се предмет на анализа од страна на експерти и професори. Според него, врз основа на извештајот што ќе произлезе од таа анализа, ќе се донесат понатамошни одлуки, а доколку биде потребно, ќе се покренат и соодветни постапки.

Алиу информираше дека секоја компанија е обврзана да доставува фотографии и информации за количината и квалитетот на произведениот канабис до комисијата за која е задолжено Министерството за здравство. Во моментов, формирана е комисија од пет члена која има рок од 45 дена да изготви извештај за сите 43 лиценци.

Тој посочи и дека постојат одредени предизвици во имплементацијата на законот, меѓу кои и недостиг од службени возила, што, како што рече, дополнително го отежнува надзорот и контролата на терен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Алиу: Тимови од МВР и Министерството за…

Министерот за здравство Азир Алиу најави дека…

Се огласи здружението за канабис „Билка“ –…

По заплената на пет тони марихуана во…

Скопјанец во фолија во двор одгледувал канабис

На 16.09.2025 околу 12:30 часот во с.Ајватовци,…

При претрес во Валандово пронајдени марихуана, семки…

Полициски службеници од Одделението за внатрешни работи…

Кривична пријава за неовластено пуштање во промет…

На ден 19.08.2022 година, Секторот за контрола…