Кривична пријава за неовластено пуштање во промет на 7000 килограми канабис!

t

На ден 19.08.2022 година, Секторот за контрола и истраги при Царинската управа на Република Македонија, поднесе кривична пријава до надлежното Основно јавно обвинителство против едно правно лице и четири физички лица, поради постоење на основано сомнение дека сториле кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори”, казниво по член 215 став 1 и став 7 и за кривично дело ,,Криумчарење”, казниво по член 278 став 1 став 3 и став 9 од Кривичниот законик.

-Имено, на ден 11.08.2022 година во Царинската испостава Гевгелија, при извршена дополнителна контрола при увоз, oд страна на инспекторите од Одделението за истраги од Царинската управа, констатирано е дека станува збор за дробена, сецкана тревкаста материја, за која по направен тест е утврдено присуство на психоактивна компонента која влегува во составот на растението Cannabis.

По добиена наредба од надлежното Основно јавно обвинителство – Гевгелија, Царинската управа достави примерок од растителната материја до Министерството за внатрешни работи за вештачење, со што се потврди дека растителниот материјал преставува: исушени и иситнети врвни делови-вршунки од листови и цвет кои потекнуваат од растението Cannabis.

Со откривањето и спречување на обидот за криумчарење на оваа стока од страна на Царинската управа, спречено е неовластено производство и пуштање во промет на психотропна супстанца, односно 7.000 килограми цвет од канабис, која што на нелегалниот пазар на наркотични средства би достигнала вредност од над 20 милиони евра, информираат

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

При претрес во Валандово пронајдени марихуана, семки…

Полициски службеници од Одделението за внатрешни работи…

Кривична пријава за неовластено пуштање во промет…

На ден 19.08.2022 година, Секторот за контрола…

Претрес на МВР во кумановско: Утврдени неправилности…

Полицијата во соработка со претставници на други…

Не работат само со лозје: Стебла канабис…

Полициски службеници од СВР Велес – Полициска…

(Видео) Детали за големата акција на МВР…

На подрачјето на општина Карбинци, полицијата ги…