Објавено на:

Американската морнарица тајно помага танкери да минуваат низ Ормутскиот теснец, тврди „Волстрит журнал“

t

Американската морнарица тајно им помага на трговски бродови да минуваат низ Ормутскиот теснец, објави „Волстрит журнал“.

Според американски воени извори, морнарицата неодамна следела грчки супертанкер со околу 2 милиони барели нафта додека минувал низ стратешкиот воден пат кај Оман. Бродот претходно бил блокиран во Персискиот Залив и сега се упатува кон Индија.

САД претходно се обиделе да организираат заштитен премин за бродови во рамки на операција „Project Freedom“, но таа била прекината откако Иран започнал напади врз бродови, а Саудиска Арабија ограничила пристап до бази и воздушен простор.

И покрај тоа, американски претставници тврдат дека морнарицата планира да помогне уште на околу десет бродови да поминат низ теснецот во наредните денови.

Ормутскиот теснец останува една од најважните светски рути за нафта и гас и е област на зголемени тензии меѓу САД и Иран.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Американската морнарица тајно помага танкери да минуваат…

Американската морнарица тајно им помага на трговски…

Иран објавија „клучни црвени линии“ за преговорите…

Во текот на изминатиот викенд се чинеше…

Рубио: Ормутскиот теснец мора да биде отворен,…

Државниот секретар на САД, Марко Рубио изјави…

Нови американски напади во Иран

Американската војска соопшти дека извршила напади во…

Си Џинпинг му врачи на Вучиќ највисоко…

Овој орден е воспоставен во согласност со…