Рубио: Ормутскиот теснец мора да биде отворен, вака или онака
Државниот секретар на САД, Марко Рубио изјави дека преговорите за договор со Иран се блокирани поради несогласувања околу формулацијата на текстот.
„Ќе бидат потребни неколку дена за да се решат несогласувањата околу еден збор, една реченица“, изјавил Рубио пред новинарите во авионот на американската делегација на аеродром во Индија.
Неговата изјава доаѓа само неколку часа по американските „удари во самоодбрана“ врз ирански позиции за лансирање ракети и бродови во близина на Ормутски теснец.
Запрашан за нападите, Рубио испратил директна порака:
„Теснецот мора да биде отворен. Ќе биде отворен вака или онака и затоа мора да биде отворен“, рекол тој.
Иранските власти засега официјално не ги коментирале американските напади, но државните медиуми во Техеран ги опишале како прекршување на постојниот договор за прекин на огнот.
Американските и иранските сили и претходно разменуваа оган и покрај примирјето.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Или сте со нас, или против нас“…
Откако САД најавија „економска војна“ против Иран,…
Пентагон: Над 750 американски војници ранети во…
Вкупно 757 американски војници се ранети од…
Америка крие тела на четири вида вонземјани,…
Научник, кој со децении работел со програмата…
Долгот на САД за првпат надмина 40…
Јавниот долг на САД за првпат ја…
Трамп ја најави „најсуровата економска операција“ против…
Американскиот претседател Доналд Трамп најави нова кампања…