Ана Костадиновска: Уште одам по психијатри после „Пулс“, ДНК ми беше семејство, Сара ми беше сестра

t

Професорката Ана Костадиновска, која беше придружен вокал на бендот ДНК и го преживеа пожарот во „Пулс“ не се согласува со констатацијата дека членовите на ДНК кои ја активирале пиротехниката ја запалиле дискотеката. Таа го рече ова одговарајќи на прашање од адвокатот на директорот на агенцијата за обезбедување „Рубикон“.

Костадиновска денеска одговараше на вкрстени прашања од одбраната.

На прашањето од адвокатот Јовица Страшевски зошто во исказот во Јавното обвинителство кажала дека не бара отштетно побарување, а сега бара, таа рече:

– Така изјавив во периодот кога не сфатив колку сум оштетена. Јас сум самохран родител и сѐ уште се лекувам.

Страшевски ја праша врз основа на што се премислила, а Ана одговори – врз основа на својот здрав разум.

-Ја изведувавме песната „Што сака нека биде“. На рефренот се вклучија прскалките. Секогаш ги вклучуваа на истата песна. Почувствував необична топлина, погледнав нагоре и видов пламен. Сѐ се случи брзо, Владимир повика да излеземе. Морам да кажам дека не ја сфативме сериозно ситуацијата и се повлекувавме полека. Кај сцената забележав врата, ги повикав оттаму да излеземе, ама беше заклучена, па се упативме кон подолгиот пат и кај шанкот веќе настана ескалација, сведочеше професорката Ана Костадиновска која беше придружен вокал на групата ДНК, вечерта на 16 март кога се случи ужасниот пожар кога загинаа 63 млади луѓе.

– Веста до ден денес не сум ја примила до крај. Сѐ уште се лекувам, на психолози. ДНК беше моето второ семејство, а Сара ми беше сестра – рече таа.

Во своето сведочење кажа дека не знае кој бил задолжен да ги мести прскалките во клубот, а последните години на секој настап се користеле, но немало никаков проблем.

– Прскаа во мене, во опремата, никогаш претходно не се случил инцидент – рече Костадиновска.

Со загинатата колешка Сара Пројковска, била блиска пријателка. И Пројковска, била повикувана за одредени настапи и не била постојан член на бендот.

– Мислам дека Панчо дојде со својот автомобил. Ние секогаш доаѓавме порано за да ја одработиме тонската проба, а Панчо доаѓаше подоцна, изјави Костадиновска.

Костадиновска посочи дека и денес чувствува последици од повредите.

– Коленото ми беше набиено навнатре и сè уште имам болки. Имав изгореници по лицето, веројатно од високата температура во клубот, како и траги како од цигара, рече Костадиновска, нагласувајќи дека веста за загубата на блиските сè уште не ја прифатила во целост.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ана Костадиновска: Уште одам по психијатри после…

Професорката Ана Костадиновска, која беше придружен вокал…

Газдата на „Пулс“ бара да го пренесат…

Одбраната на Дејан Јованов-Деко, газдата на „Пулс“,…

Се одложува утрешното рочиште за Пулс

Заради интерес на медиумите и невладините организации…

(Видео) Андреј денес ќе полнеше 44 години

На 9 февруари 1982 година во Скопје…

Братот на газда Деко од затвор врши…

Со сослушување сведоци и законски застапници на…