Објавено на:

Газдата на „Пулс“ бара да го пренесат во „Идризово“ – во Куманово се однесувале кон него нечовечки и понижувачки

t

Одбраната на Дејан Јованов-Деко, газдата на „Пулс“, дискотеката во која имаше 63 жртви, на денешното рочиште побара тој од затворот во Куманово да биде пренесен во „Идризово“ бидејќи затворскиот персонал во Куманово се однесувал „деградичарки нечовечки и понижувачки кон обвинетиот“.

Неговата адвокатка Ивана Коцевска побара судот да донесе вакво решение и во насока на тоа што судницата во која се одвива процесот се наоѓа во близина на затворот, како и поради неговата здравствена состојба и потребата од лекарска интервенција.

Претходно, адвокатот Петре Шилегов, бранител на Шефкет Хазари од Министерството за економија, на почетокот од денешното судење побара да се преиспита обвинението за да се види кој бил директно инволвиран, а кој не, и да се направи издвојување на постапките. Воедно, побара да се одложи денешното рочиште.

Судот го одби ова барање со образложение дека не може да му наложи на ЈО како да постапува.

– Јавното обвинителство е самостоен орган и судот не може да му наложи како ќе постапува и дали ќе се консолидира со ОЈО ГОКК, а особено што судот секогаш мора да постапува само по поднесеното обвинение, не мешајќи се во работата на ЈО, како и од причини што нема увид во другото обвинение и во овој момент и да го има, не може да врши споредба – рече судијката Дијана Груевска-Илиевска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Родителите на загинатите во „Пулс“ ќе достават…

Родителите на загинатите деца во дискотеката „Пулс“…

Експлодирала плинска боца во стан во Куманово

Плинска боца експлодирала во стан во Куманово,…

Родителите на загинатите: Ако надлежните навреме постапеле…

Адвокатот Петре Шилегов повторно бара Јавното обвинителство…

Во „Идризово“ еден лекар се грижи за…

Недостигот од лекари, долгото чекање за специјалистички…

Поднесени обвиненија за поткуп и злоупотреби при…

Основното јавно обвинителство Кочани поднесе обвинителен акт…