„Ах колку многу болите, прва Нова година без вас“
Пејачката Ана Костадиновска на својот профил на Инстаграм сподели неколку фотографии и порака што сите ги растажи.
Таа сподели фотографии на кои се нејзините колеги од бендот ДНК кои починаа во страшниот пожар во Кочани.
Ана со сите нив беше многу блиска, а само таа и гитаристот Горан Тонев успеаја да се спасат и да ја преживеат несреќата.
„Прва Нова година после многу долго време без вас, без НАС… ах колку многу БОЛИТЕ“, напиша Ана на својот Инстаграм.

Тажна е и нејзината објава од пред само неколку дена, кога и беше роденден на Сара Пројковска, со која беа како сестри.

„Денес ти е роденден, летај сестричке“, напиша таа и сподели неколку заеднички фотографии на кои е со починатата Сара.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Напладне продолжува седницата за изборот на новата…
Денеска во 12 часот ќе продолжи седницата…
Пуштена во оптек новата монета од две…
По повод 20-годишнината од еврото и почетокот…