АХВ да не ја префрла одговорноста, туку итно да постапи за кравите, бара градоначалникот на Крива Паланка
Агенцијата за храна и ветеринарство да си ги собере кравите, возврати градоначалникот на Крива Паланка, Сашо Митовски откако вчера од АХВ посочија дека одговорноста е и кај градоначалникот. Митовски, вели дека Агенцијата за храна и ветеринство единствено може да ги одземе кравите кои слободно се шетаат низ градот. Обидите за префрлување на одговорноста кон Општината се правно неосновани и не ја менуваат фактичката состојба бидејќи решението е донесено од страна на Агенцијата, правосилно е и извршно од април 2024 година, но до денес не е спроведено.
Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство во телефонски разговор посочи дека остануваат на вчерашниот став посочувајќи дека проблемот мора да се реши бидејќи граѓаните ги трпат последиците.
АХВ
„Го потсетуваме Митовски дека неодговорно е кон сопствените граѓани и жители на паленечките села тој да се иззема од одговорност, која ја има во овој случај, бидејќи во согласност со Законот за јавната чистота, член 14 став 1 точка 11, контролата на одржувањето на јавните површини, односно чување и напасување крупен добиток (вклучително и говеда) на јавни површини ја има токму Општината. Ако сакаше, Митовски и досега можеше да го реши проблемот, сам или со помош од некои поранешни функционери, негови сограѓани, кои беа во врвот на претходната влада.“ – пишува во соопштението на АХВ.
За време на акцијата на Агенцијата за храна и ветеринарство за заплена на неконтролираниот добиток во Крива Паланка кулминираше со приведување на 27-годишната Јулија Ѓорѓиевска. Таа беше лишена од слобода откако пружи активен отпор и ги попречи службените лица во спроведувањето на законот. Против Јулија Ѓорѓиевска, по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава за спречување на службено лице во вршење на службено дејствие.
Инаку, локалното население постојано се жали дека кравите предизвикуваат штета и во градското јадро, каде што посегнуваат по овошјето и зеленчукот на пазарите. Овој случај со кравите веќе неколку години ја бранува јавноста. Додека се бара решение граѓаните и понатаму трпат штети за што пред два дена излегоа на протест и побараа веднаш да се реши проблемот бидејќи штети кои ги трпат се огромни.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
АХВ да не ја префрла одговорноста, туку…
Агенцијата за храна и ветеринарство да си…
Бугарија, Македонија, Албанија, Италија и Романија со…
Мултинационалната борбена група на НАТО во Бугарија…
Иран ги ракетираше Дубаи, Катар, Бахреин, Кувајт…
Иранските државни медиуми објавија дека е извршен…
Иран најавува „невидено оружје“ по нападите на…
Тензиите меѓу Иран од една страна и…
Муцунски и Саʼар за безбедноста на Блискиот…
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,…