Иран најавува „невидено оружје“ по нападите на САД и Израел
Тензиите меѓу Иран од една страна и САД и Израел од друга страна дополнително ескалираат, откако двете страни разменуваат сериозни воени удари и остри предупредувања.
Според информации од три извори, во израелските напади биле убиени иранскиот министер за одбрана Амир Насирзаде и главниот командант на Револуционерната гарда, Мохамед Пакпур. Засега нема официјална потврда од иранските власти.
САД и Израел започнаа координирани напади врз цели поврзани со иранското раководство, со образложение дека станува збор за операција насочена кон отстранување на безбедносни закани. Техеран ги оцени нападите како неиспровоцирани и нелегални, обвинувајќи ги Вашингтон и Тел Авив за директна агресија.
Како одговор, Иран лансираше ракети кон Израел и кон неколку арапски држави сојузници на САД, каде што се стационирани американски воени бази. Иранските претставници порачаа дека ова е само почеток на одговорот и најавија можност за употреба на „досега невидено оружје“.
Регионалната безбедносна состојба останува исклучително нестабилна, а меѓународната заедница повикува на итна деескалација на конфликтот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хрватска ги укинува класичните патарини, од 2027…
Хрватска од 1 март 2027 година воведува…
Тирана реагира зошто не се интонирала и…
Министерството за Европа и надворешни работи на…
Мицкоски: За две години пензиите зголемени за…
Премиерот Христијан Мицкоски за време на денешната…
Екс фудбалер од Србија уапсен во Португалија…
Српскиот фудбалер Урош Милошевиќ (31), во средата,…
ВЛЕН: ДУИ ја има изгубено битката со…
Фолирантите од ДУИ, пред да отворат уста…