Ахмети: Повеќе од било кога да ја задржиме својата стратешка ориентација кон големото европско семејство
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети на социјалните мрежи го честита Денот на Европа.
– Денес, на Денот на Европа, ја потврдуваме нашата непоколеблива посветеност на европскиот интегративен пат на нашата земја. Нашата земја, повеќе од кога било, треба да ја задржи својата стратешка ориентација кон големото европско семејство. Интеграцијата во Европската Унија не е само политичка аспирација, туку неопходност за стабилност, развој и подобра иднина за нашите граѓани. Нека овој 9-ти мај послужи како момент на размислување за сите политички фактори, за да можеме да ги оставиме настрана секојдневните и популистички интереси и да се обединиме околу главните државни цели. Само со одговорност, соработка и јасна европска визија можеме да изградиме безбедна иднина за нашата земја. Среќен Ден на Европа! – напиша Ахмети.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ахмети за ТВ21 по состанокот со Таравари:…
Во просториите на општина Гостивар попладнево се…
Најкорумпираниот функционер на ДУИ, Беким Мемети ги…
Беким Мемеди е единствениот албански шериф во…
Ахмети – Лудва: Уставните измени се многу…
Скрининг процесот, уставните измени, европската интеграција и…
Ахмети повторно најавува решавање на спopoт со…
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети уште еднаш…