Ахмети се пожали: ВЛЕН ги дезинформира меѓународните фактори за Охридскиот договор
ВЛЕН ги дезинформира меѓународните фактори за Охридскиот договор, обвини од Кичево претседателот на ДУИ, Али Ахмети. Осврнувајќи се наназад, лидерот на интегративците рече дека при составувањето на договорот, поради компромисот што требало да се направи, зборот „Албанци“ бил заменет со „20%“, но според него тоа воопшто не ја загрозува суштината. Според него, албанскиот јазик во Охридскиот договор е службен јазик во сите државни институции.
„Охридскиот договор го промени политичкиот и правниот статус на Албанците во Македонија. Македонија е држава и на Албанците и на Македонците. Албанците се државотворен народ. Друго е тоа што нè понижија оние кои немаа легитимитет од Албанците во Македонија и ги дезинформираат и властите во Косово, како што ми потврдија и дипломати од европски земји дека биле дезинформирани“, изјави претседателот на ДУИ, Али Ахмети.
Но, за да се надмине ова погрешно информирање, Ахмети рече дека ДУИ работела со полн капацитет за да ги информира гаранторите на Охридскиот договор – САД, ЕУ и НАТО; и доколку бидат загрозени јазикот и Охридскиот договор, одговорноста треба да се сподели заедно со нив, исто како што бил споделен и успехот.
„Одржани се десетици средби и со Вашингтон, и со Брисел, и со НАТО, за да не се враќаме назад, затоа што тоа не е добро за државата. Треба да гледаме напред, државата треба да стане членка на ЕУ, да се затворат сите нерешени прашања со соседите. Охридскиот договор во неговиот дух треба да се реализира, а не да се менуваат имиња на улици како што се случи во Тетово, или иницијативата на Уставниот суд со 75 страници против Законот за употреба на албанскиот јазик“, рече Ахмети.
Само со меѓусебно прифаќање државата може да оди напред, додаде тој, повикувајќи на соживот и добри меѓуетнички односи.
Одговарајќи на обвинувањата за корупција во редовите на функционерите на ДУИ, Ахмети повика да се отвори истрага со меѓународен надзор за сите државни функционери, но додаде дека немаат храброст да го направат тоа, цитирајќи ја изреката: „крадецот те обвинува дека си крадец“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ахмети се пожали: ВЛЕН ги дезинформира меѓународните…
ВЛЕН ги дезинформира меѓународните фактори за Охридскиот…
Дали Германија ќе распореди сили во Ормуз?
Денес, германскиот министер за одбрана Борис Писториус…
Кралот Чарлс прв пат како монарх ќе…
Неговите даночни плаќања ќе бидат објавени во…
Тесла во режим на самостојно возење удри…
Жена загина откако возило на Тесла, наводно…
Германскиот министер за надворешни за Ормутскиот теснец:…
Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул…