Објавено на:

Германскиот министер за надворешни за Ормутскиот теснец: „Мора да остане слободен за пловидба“

t

Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул се изјасни против воведување систем за наплата за пловидба низ Ормутскиот теснец по евентуалниот крај на конфликтот меѓу САД и Иран.

Тој порача дека клучниот поморски правец за глобалното снабдување со енергија мора да остане слободен за пловидба, повикувајќи се на меѓународното поморско право.

„Морскиот пат мора да остане слободен за пловидба – тоа е принцип на поморското право“, изјави Вадефул на јавен настан во Берлин, пренесе германската агенција ДПА.

Сомнежи за договорот меѓу САД и Иран

Вадефул оцени дека меморандумот за разбирање меѓу САД и Иран содржи нејасни формулации кои, како што рече, „предизвикуваат одредена доза скептицизам“ околу тоа дали гаранциите се целосно обезбедени.

Германската влада, како што наведе, ќе стави силен акцент на слободниот премин низ Ормускиот теснец при одлучувањето за евентуално укинување на санкциите кон Иран.

„Доколку тоа се случи, цените на нафтата би можеле релативно брзо да се стабилизираат“, додаде тој.

Контекст на преговорите

Претходно американскиот претседател Доналд Трамп се закани со воведување такси за користење на Ормутскиот теснец доколку не се постигне конечен мировен договор.

Според рамковниот договор меѓу Вашингтон и Техеран, Иран не би смеел да воведува надоместоци за пловидба за време на 60-дневните преговори, додека за идниот режим би се преговарало со посредство на Оман и со учество на соседни држави.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Ако знаеле, зошто не постапиле – 63…

Здружението 16 март 2025 реагира на денешното…

Два танкери со саудиска нафта биле нападнати…

Два супертанкери што превезувале саудиска нафта биле…

Пет активни пожари и пет под контрола…

На ден 01.09.2026 година, до 18:00 часот,…

ОН предупредуваат: Топењето на глечерите на Хималаите…

На хималајскиот регион во следните години му…

Ангелов: Воспоставена изгубената контрола врз големиот пожар…

Повторно е воспоставена контролата врз големиот пожар…