„Безбеден град“ ги стигна и странските возачи — стотина денес чекаа на „Табановце“ за да платат казна

t

Преку системот „Безбеден град“ почнаа да се санкционираат прекршоците направени со возила со странски таблички, па стотина возачи што транзитираат низ Македонија денеска мораа да чекаат и да платат казна на граничниот премин со Србија.

Од Министерството за внатрешни работи (МВР) за „Слободен печат“ веќе потврдија дека „Безбеден град“ ќе почне да функционира прво на „Табановце“, а наскоро и на сите гранични премини.

„Системот ‘Безбеден град’ деновиве ќе започне со функционирање на граничниот премин ‘Табановце’, каде на сите возачи на возила со странски регистарски таблици кои системот ги евидентирал дека сториле прекршок или кривично дело на територија на Република Северна Македонија, ќе им се соопшти дека сториле прекршок, ќе им се издаде Записник за сторен сообраќаен прекршок со прекршочен платен налог, по што ќе им се понуди да платат или ќе бидат изведени пред надлежен суд по брза постапка. Овој начин на функционирање наскоро ќе започне да се применува на сите гранични премини“, соопштија минатата недела од МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

УХМР предупредува: Очекувајте дожд, грмотевици, ветер и…

Под влијание на циклонска активност времето утре…

УХМР предупредува: Доаѓа невреме со пороен дожд,…

Утре ќе има изолирана појава на нестабилност,…