Објавено на:

Белград накитен со кинески знамиња и пораки за добредојде на Си Џи Пинг – делегацијата ќе биде придружувана и со српски борбени авиони

t

Во чест на кинескиот претседател Си Џи Пинг, кој денеска доаѓа во дводневна посета на Република Србија, по улиците на главниот град Белград се веат кинески и српски знамиња, пренесува Радио-телевизија Србија (РТС).

Низ градот се поставени и билборди на кои на српски и кинески јазик се испишани пораки за добредојде на кинеските пријатели.

Големо знаме на Кина ја покрива и западната порта на Белград – кулата „Генекс“ на која е поставена и писмена порака за добредојде за кинескиот лидер.

Кинескиот претседател Си Џи Пинг во Србија ќе биде придружуван со делегација од 400 луѓе, а ќе го обезбедуваат 3 400 полицајци.

Си Џи Пинг ќе го пречекаат и српските борбени авиони МиГ-29, кои ќе го придружуваат неговиот авион од српската границата до Белград, а потоа на враќање ќе го испратат. Во негова чест на белградскиот аеродром ќе биде построена стража на Вооружените сили на Србија.

На аеродромот Си Џи Пинг ќе го пречека стражар, а за време на церемонијата ќе биде изведено српско оро. Свечен пречек ќе биде организиран и пред палатата „Србија“. Во текот на средбата ќе бидат потпишани 30 договори меѓу двете земји.

Според протоколот на посетата на кинескиот претседател, кој го пренесуваат српските медиуми, за време на ручекот меѓу кинескиот претседател Си Џи Пинг и српскиот претседател Александар Вучиќ ќе се служат српски јадења и вина.

За претседателот на Кина има договорена музичка програма, според која, на кинески јазик ќе се отпеат песните „Татковино моја и јас“ и „Прекрасен цвет од јасмин“.

Предвидено е програмата да заврши со песната „Ова е Србија“.

За време на посетата кинескиот претседател ќе биде придружуван од сопругата Пенг Лијуан, како и од член на Главниот комитет на Политичкото биро на Централниот комитет на Комунистичката партија на Кина, директорот на Генералната канцеларија на Централниот комитет и од член на Политичкото биро на Централниот комитет на Комунистичката партија и министерот за надворешни работи.

Ова е прва посета на претседателот Си на европскиот континент во последните пет години, од избувнувањето на пандемијата на ковид-19.

За време на оваа европска турнеја ќе посети само три европски престолнини – Париз, Белград и Будимпешта.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Британскиот министер за надворешни работи, Камерон ќе…

Дипломатски извори во Лондон и Тирана за…

Скопјани каменувале автобус, има штета

На 18.05.2024 во 22.40 часот, полициски службеници…

Со дронови се бара хеликоптерот на Раиси

Иранската Црвена полумесечина испрати беспилотни летала за…

Коѕијас: Грчката влада не само што не…

Договорот од Преспа не е нејасен и…

Таравари: ВРЕДИ во Владата ќе има 6…

Коалицијата ВРЕДИ во новата Влада ќе има…