Бехтел и Енка делат откази поради наводен долг од државата, работниците протестираат – Мицкоски: Не должиме ниту цент
Работници во „Бехтел и Енка“ утрово протсетираа пред влезот на кампот на компанијата. Тие се жалат дека се отпуштени без претходна најава (отказен рок), иако имаат важечки договори. Како причина за отпуштањата им било кажано дека државата не префрлила средства за проектот. Тие бараат да бидат прогласени за технолошки вишок за да можат да остварат социјални права.
– Еден ден претходно нè известуваат, демек има вишок работници и доаѓа листа да нè избркаат од работа, значи само тие од Македонија. Индијците се тука, сите останаа, а ние сме избркани. Во договорот не пишува дека треба да нè известат 30 дена однапред за да можеме да најдеме друга работа. Останавме на улица, моментално не знаеме што е работата. Овие велат дека владата не пушта париБараме да нè прогласат за технолошки вишок и додека ни трае договорот да ни се исплаќа барем минималецот. Јас имам договор до 17 јуни 2026 година, вели еден од вработените
Реагира и негов доскорешен колега кој потврдува дека добил отказ, за за тоа како образложение се наведува дека немало прилив од државната каса.
– Ни соопштија дека ќе нè бркаат од работа, дека државата нема пуштено пари и заради тоа нè отпуштаат од работа. Па не знам, сега ова е прва тура, негде околу 40-50 вработени, без претходно да ни најават две недели или месец дена, да кажат дека до тогаш и нема да може, да не ни требате. Без никаква најава. Дојдовме на работа и ни кажуваат да потпишеме и дека е толку со нашата работа. Чекаме да добиеме одговор дали е до државата или до Бехтел и Енка, вели друг вработен за Радио Гостивар .
Премиерот Мицкоски денес во одговор на новинарско прашање кажа дека државата не должи ниту цент кон Бехтел и Енка и дека прашањата за отказите треба да се упатат во конзорциумот или кај тие што го потпишале договорот со нив.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бехтел и Енка делат откази поради наводен…
Работници во „Бехтел и Енка“ утрово протсетираа…
Симонов за Кочоска: Никој до сега, ниту…
Никој до сега, ниту една Влада, ниту…
Мециновиќ: Владата ја брани олигархијата, а ги…
Оваа Влада ќе биде запаметена по најголемите…
(Видео) Дали економијата е пред колапс, ќе…
Изјавата дека економијата е пред колапс е…
161 РАБОТНИК ПОЧИНАЛЕ! 1.180 несреќи при работа…
За туѓи бели дворови, копај си црни…