Мециновиќ: Владата ја брани олигархијата, а ги напаѓа работниците
Оваа Влада ќе биде запаметена по најголемите задолжувања во историјата и најнемилосрдната борба против синдикатите, работничкото претставување и работничките права, оценува пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, во објава на социјалните мрежи.
„Ќе се памти по криминално богатење и репресија на неистомисленици, политички, медиумски и граѓански – бидејќи ова е Влада на олигархијата и крупниот капитал. Додека УСЈЕ труе, молчат – додека работниците бараат повисоки плати, гласно и фуриозно се борат против тоа”, пишува Мециновиќ.
Според него Владата не покажува интерес ниту за сиромаштијата, ниту за загадениот воздух, ниту за работничките права, туку исклучиво за бизнис – интересите и олигархиските потреби. „Само ненаситноста на олигархијата е бесконечна, како и волјата на нивната Влада да ја храни”, порачува Мециновиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ: Владата прави се да нема никакви…
Венко Филипче и талогот на СДС никако…
Во владината кошничка нема трошок за кирија,…
Разликите меѓу синдикалната и владината потрошувачка кошничка…
Митева: Незаконски наплатените средства од компаниите за…
Денеска сакаме да ја информираме јавноста за…
Студентската листа: Блиску сме до договор за…
Студентската листа е блиску до решение за…
Не им требаат било какви работници –…
Европскиот пазар на труд се соочува со…