Бизнисменот Азманов физички нападнат на судско рочиште во Граѓанскиот суд
Зоран Азманов, управител на градежната компанија „Настел“, е физички нападнат на судско рочиште во Основниот граѓански суд Скопје. Инцидентот се случи утринава кога бизнисменот бил нападнат од сопруг на тужена. Сопругот утринава требало да сведочи во постапката.
Од Основниот граѓански суд информираат дека инцидентот се случил на рочиштето за предмет во кој „Настел“ е тужител, а предмет на спор е долг во износ од речиси три милиони денари, односно 2.987.752 денари.
Судот соопшти дека веднаш биле преземени мерки, а настанот бил пријавен во Министерството за внатрешни работи, по што и полициски службеници пристигнале во судот.
За инцидентот, по добиените информации од МВР, бил известен и надлежниот јавен обвинител.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бизнисменот Азманов физички нападнат на судско рочиште…
Зоран Азманов, управител на градежната компанија „Настел“,…
КАТАРСКИОТ ПРЕМИЕР ПОТВРДИ: САД и Иран не…
Соединетите Американски Држави и Иран не успеале…
Славески: Најдобрата опција е ова што го…
Најдобрата опција е ова што го правиме…
Опериран е Илија Срдановиќ – се огласи…
Илија Срдановиќ, лидерот на „Студентската листа“ која…
Стравот од ВИ ги урна светските берзи:…
Светските берзи на 6 ноември забележаа остри…