Објавено на:

Битка за кеш од 2 трилиони евра во ЕУ: Отворена една од најтешките финансиски дебати!

t

Лидерите на Европската Унија денеска во Брисел ја отворија една од најтешките политички и финансиски дебати во последните години – преговорите за долгорочниот буџет на Унијата за периодот 2028-2034 година, вреден околу 2 трилиони евра.

Предлогот на Европската комисија предвидува значителни средства за одбраната, конкурентноста, технолошкиот развој и други нови приоритети, но истовремено отвора прашања за финансирањето на традиционалните политики како земјоделството и кохезионите фондови.

Како и во претходните буџетски циклуси, се судираат интересите на побогатите земји-членки, кои повеќе уплаќаат во заедничката каса отколку што добиваат назад, и помалку развиените членки кои се нето-корисници на европските фондови.

Австрија, Холандија и неколку други нето-плаќачи бараат дополнителни кратења и поголема модернизација на трошењето, додека Шпанија и други држави предупредуваат дека предложениот буџет е недоволен за исполнување на европските амбиции. Австрискиот канцелар Кристијан Штокер порача дека земјите кои повеќе придонесуваат „не се банкомат на Европската Унија“.

Покрај расправата за расходите, на маса се и нови извори на приходи за буџетот. Меѓу опциите што се разгледуваат се приходи од продажба на јаглеродни дозволи, дел од акцизите на тутунските производи, давачки за дигитални услуги, крипто-добивки и други европски даночни механизми.

Преговорите се очекува да траат со месеци. Иако формалниот рок за усвојување на буџетот е крајот на 2027 година, европските институции сакаат договор да биде постигнат уште до крајот на 2026 година за да се избегне дополнителна неизвесност во изборната година во неколку земји-членки.

Извор: Euronews

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Битка за кеш од 2 трилиони евра…

Лидерите на Европската Унија денеска во Брисел…

Украина заслужува брзо членство во ЕУ „повеќе…

Володимир Зеленски им рече на лидерите на…

Хегсет вели дека Европа мора да ја…

Американскиот секретар за одбрана, Пит Хегсет, порача…

Португалскиот известувач во сенка: Унијата не смее…

Дебатата за европската иднина на Западен Балкан…

Сали: Пораките од Европскиот парламент се потврда…

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за…