Битолска директорка на „Завод и музеј“ создала ново работно место и сама се унапредила
Директорката на Националната установа „Завод и музеј“ – Битола, 53-годишната М.С., отворила повисоко работно место и самата се унапредила, соопшти полицијата.
Притоа, таа го укинала претходното работно место „виш кустос“ и си создала ново „кустос советник“, позиција која е едно ниво повисоко.
Полицијата тврди ваквата промена на Актот за систематизација била направена спротивно на Законот за вработени во јавен сектор и на Законот за работни односи. Со тоа, пријавената, според истрагата, несовесно постапила во извршувањето на своите службени овластувања.
Полицијата ја товари за кривично дело „несовесно работење во службата“, а предметот е доставен до надлежното обвинителство за понатамошна постапка.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Битолска директорка на „Завод и музеј“ создала…
Директорката на Националната установа „Завод и музеј“…
Курти од Битола за Денот на Албанската…
Единствениот јазик и писмо се основа на…
(Видео) Битола „на вода“: Уште гондола да…
„Поинаку“ на социјалните мрежи сподели видео од…
Драма во битолското село Бистрица: Директорката на…
Вистинска драма се одвивала денеска во канцеларијата…
(Видео) Пак пропадна „булеварскио влез“ на скандинавска…
Советникот во Советот на Општина Битола, Иван…