Драма во битолското село Бистрица: Директорката на ОУ „Крсте Петков Мисирков“ обвини член на училиштен одбор за вербален напад, интервенирала полиција и Итна помош
Вистинска драма се одвивала денеска во канцеларијата на директорката на ОУ „Крсте Петков Мисирков“ во Бистрица, откако, според нејзините тврдења, член на Училишниот одбор вербално и агресивно ја нападнал, по што била принудена да повика полиција. Поради претрпениот стрес, на директорката ѝ се влошила здравствената состојба, па интервенирала и Итната медицинска помош, објави 4NEWS.mk
Инцидентот, како што се наведува во писменото соопштение од директорката, кулминирал денеска, но е претходен од долгогодишен конфликт со истиот член на одборот, именуван од Советот на Општина Битола.
„Денес ситуацијата кулминираше. Влезе без најава во канцеларијата и почна насилно и агресивно вербално да ме напаѓа. Се закануваше со разни пријави, ми упати многу навреди и недостојни зборови“, се вели во соопштението.
Директорката наведува дека го предупредила дека се наоѓа во службени простории, но тој продолжил „уште пожестоко“.
„Бидејќи не престануваше, пријавив во МВР, по што тој веднаш замина. Полицијата дојде, направи записник, по што ми се влоши здравствената состојба и беше повикана служба за итна медицинска помош“, објаснува таа.
Во соопштението се тврди дека денешниот инцидент е само ескалација на долгогодишен притисок,„Личноста која го објави видеото… постојано во текот на претходните четири години недолично се однесува кон мене како директор, се заканува и ме навредува и бара оставка од мене. За тоа ја имам известено општината, но за жал, ништо не се презеде“, пишува таа.
Директорката го завршува своето обраќање со поширок апел: „За жал, ова не е единствен ваков случај во државата и време е сите заедно да се избориме еднаш за секогаш да престанат заканите и ваквите напади од локални кметови кои сметаат дека целата власт е во нив“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тешка сообраќајна несреќа кај Битола: Четири возила…
Тешка сообраќајна несреќа се случи утрово на…
(Видео) Напад на бомбаш-самоубиец, најмалку 14 загинати…
Најмалку 14 лица, меѓу кои и полицајци,…
(Видео) Битола „на вода“ по вечерашното невреме
Силно невреме со обилен дожд вечерва ја…
Во битолското земјоделско училиште се запишале само…
Министерката за образование и наука Весна Јаневска…
Матурантката од Битола, Искра Нечаковска, освои сребрен…
Македонското знаме се развиори во Шведска на…