Браво! Maкедонката Тина Русева победи на The Voice of Europe – освои најмногу гласови од публика
Талентираната Тина Русева од Македонија победи на The Voice of Europe, откако кон крајот на минататa година „растури“ на The Voice of Germany.
Откако „растури“ на The Voice of Germany кон крајот на минатата година, Тина Русева успеа да се квалификува за финалето на The Voice of Europe каде што го освои првото место.
The Voice of Europe е онлајн натпревар на кој Тина се квалификува благодарение на многуте гласови од нејзините фанови и поддржувачи.
Иако не победи во The Voice of Germany, талентот на Тина не остана незабележан и од шесте натпреварувачи кои влегоа во финалето на The Voice of Europe, таа го освои првото место.
Гласањето се одвиваше онлајн, преку Инстаграм, каде Тина успеа да собере над 40.000 гласови во период од 24 часа. Односно како што сподели и самата – има најмногу гласови од публика.
Фановите гласаа со лајк на видео од првиот настап на Тина на The Voice of Germany, кога ја испеа Do it Like a Dude од Џеси Џеј – изведба за која многумина коментираа дека и подобра од оригиналот.
Натпреварувачите добиваа поени според бројот на онлајн гласови, како и поени од жири комисија.
Тина го освои првото место со вкупно 2.000 поени.
Тина откри дека влегла во топ 6 на The Voice of Europe на 8-ми јануари со Фејсбук објава:
„Овој успех не е случаен! Тоа е резултат на заедничка енергија, доверба и љубов кон музиката.
Секој глас што го добив, секоја порака и секој збор на поддршка ми покажаа дека овој пат не го одам сама. Луѓето препознаа искреност, емоција и вистина и токму тоа ми дава сила да одам понатаму, посилно и похрабро“.
Онлајн гласањето започна вчера (16.01) во 18:00 часот, а заврши денес во исто време.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Браво! Maкедонката Тина Русева победи на The…
Талентираната Тина Русева од Македонија победи на…
Вечерва возете внимателно: Речиси сите правци се…
Вечерва сообраќајот на државните патишта се одвива…
Сообраќајна несреќа: Повредена 48 годишна жена откако…
На 16.01.2026 во 08:00 часот во СВР…
Заврши протестот на студентите во блокада во…
Протестот на студентите во блокада од Универзитетот…
ЕУ разгледува одговор на царините на Трамп…
Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, изјави…