Заврши протестот на студентите во блокада во Нови Сад

t

Протестот на студентите во блокада од Универзитетот во Нови Сад, одржан под мотото „Што значи победа?“ заврши вечерва од каде беше порачано дека по промена на власта во Србија ќе бидат неопходни – лустрација и донесување закон за потекло на имотот.На протестот митинготприсуствуваа неколку илјади луѓе и не беа регистрирани инциденти.

Студентите најавија дека на крајот на јануари ќе организираат форуми низ цела Србија каде што ќе ја презентираат својата програма.

Тие претходно најавија дека со тој собир ќе почне нова фаза од нивното движење и дека ќе бидат презентирани некои од нивните идеи за „ослободување на институциите“, како и понатамошните акции што ги планираат. Протестот е продолжение на акцијата за собирање потписи за предвремени избори што беше спроведена кон крајот на минатата година и кога беа собрани околу 400.000 потписи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сомнежи за бензинските пред новите цени: Имаат…

Граѓаните кои се сомневаат дека одредена бензинска…

Путин отворено за Вучиќ: Се надевам дека…

Рускиот претседател Владимир Путин изрази надеж дека…

(Видео) Вонредно: Непотврдени извештаи за обид за…

Непотврдени информации што се шират вечерва тврдат…

Тајни разговори меѓу новата сириска власт и…

Претставници на сириската влада и либански Хезболах…

Трамп го отфрли последниот предлог на Иран…

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека…