БРАВО! МВР поднесе нов закон за семејно насилство со електронски алки за следење

t

Министерството за внатрешни работи (МВР) поднесе до Собранието нов предлог-закон за спречување и заштита од семејно насилство, со кој се воведуваат електронски алки за следење на сторителите. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски соопшти дека на документот се работело шест месеци со цел да се обезбеди побрза полициска интервенција и зајакнати механизми за заштита на жртвите во домот.

Новото законско решение предвидува можност за употреба на електронски алки за следење на осомничени лица, како и на сторители за кои судот ќе донесе соодветна одлука. Тошковски во интервју за телевизија Сител посочи дека текстот бил подготвуван од пет до шест месеци заедно со Министерството за социјална политика, демографија и млади, граѓански организации, универзитетски професори, судии и обвинители.

Министерот изрази очекување пратениците да го усвојат законот во најкраток можен рок. Тој оцени дека ниту една законска измена сама по себе нема целосно да го искорени семејното насилство, но новото решение ќе создаде услови за поефикасна реакција на институциите.

Во 2026 година е забележан раст од 270 проценти на изречените мерки притвор поврзани со семејно насилство, при што 163 лица се наоѓаат или биле во притвор за вакви кривични дела. По измените на Кривичниот законик со кои телесната повреда во семејството се гони по службена должност, бројот на кривичните постапки годинава се зголеми за околу 50 проценти во споредба со лани.

Тошковски оцени дека порастот на пријавите во полицијата се должи на законските измени, охрабрувањето на жртвите да пријавуваат, поквалитетните процени на ризик и почестото поведување итни постапки. Според податоците што ги изнесе, бројот на смртни случаи поврзани со семејно насилство во 2026 година изнесува седум, исто колку и во 2022 година, додека вкупниот број убиства во државата заклучно со октомври е најнизок во последните шест години.

Набавката и примената на електронските алки би можеле да се финансираат од очекуваните 10 милиони евра годишни приходи од сообраќајни казни. Министерот појасни дека 25 проценти од вкупните средства што се собираат во рамките на МВР се слеваат во министерскиот буџет за безбедносни активности и можат да се пренаменат за заштита на жртвите од семејно насилство.

Осврнувајќи се на критиките по убиството на 17-годишната девојка од Богданци, Тошковски ги осуди, како што рече, политичките злоупотреби на трагичните случаи. „Мораме да сториме сè. Дали треба да имплементираме ново законско решение – апсолутно да. Но мора да бидеме свесни дека ниту една законска измена сама по себе нема целосно да го искорени семејното насилство. Она што можеме да го направиме е да создадеме подобри услови за побрза и поефикасна реакција на институциите“, изјави Тошковски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

БРАВО! МВР поднесе нов закон за семејно…

Министерството за внатрешни работи (МВР) поднесе до…

Сиљановска-Давкова на Самитот на ЕПЗ во Даблин:…

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска заедно со 50…

Лажеле дека купуваат трактори, трвделе дека се…

Неправилности при користењето на финансиската поддршка во…

Џенсен Хуанг имал интимна врска со уште…

Поранешниот извршен директор на „Енвидија“, Џенсен Хуанг,…

Сериозни проблеми: Прекин во Microsoft 365 во…

Прекин во услугите на Microsoft на 12…