Брисел ѝ се заканува на Бугарија со казна од 23 милиони евра – Софија пред историски преседан во ЕУ

t

Европската комисија предупреди дека Бугарија би можела да се соочи со парична казна во висина до 23 милиони евра поради прекумерното буџетско трошење и непочитувањето на фискалните правила на Европската Унија, објави „Политико“.

Доколку казната биде официјално изречена, Бугарија ќе стане првата земја-членка во историјата на Европската Унија која е парично санкционирана поради прекршување на европските фискални правила.

Предупредувањето од Брисел доаѓа неполна година откако Бугарија официјално стана членка на еврозоната, на 1 јануари 2026 година.

Според европскиот комесар за економија, Валдис Домбровскис, конечната одлука за изрекување на казната се очекува до крајот на годинава или на самиот почеток на следната година.

Дополнително, Софија се соочува и со ризик од замрзнување на дел од средствата од европските фондови доколку до пролет не преземе соодветни мерки за стабилизирање на јавните финансии.

Според проекциите, буџетскиот дефицит на Бугарија годинава би можел да достигне пет проценти од бруто-домашниот производ, што е значително над дозволената граница од три проценти, утврдена со европските фискални правила.

Иако бугарскиот јавен долг останува далеку под максималната дозволена граница од 60 проценти од БДП, Европската комисија изразува загриженост поради прекумерното буџетско трошење.

Под лупа на Брисел се најде и Унгарија, која исто така се соочува со проблеми во управувањето со јавните финансии. Сепак, за разлика од Бугарија, Унгарија не е членка на еврозоната, поради што не може да биде погодена од истиот механизам за парично казнување, но ризикува замрзнување на европските средства.

Предупредувањата се дел од најновата рунда на Европскиот семестар, механизам преку кој Европската комисија ги следи економските политики, буџетските дефицити и задолжувањето на земјите-членки.

Европската Унија ги реформираше фискалните правила по пандемијата, намалувајќи ја висината на потенцијалните казни со цел да овозможи нивна поефикасна примена.

Домбровскис објасни дека претходно предвидените високи казни, наместо да ги одвратат владите од прекумерно трошење, практично ја отежнувале нивната примена.

Евентуалното санкционирање на Бугарија би претставувало прв сериозен тест за новиот европски механизам за фискална дисциплина, но и предупредување за останатите земји-членки кои се соочуваат со растечки буџетски дефицити.

За Софија, пак, можноста за истовремено парично казнување и замрзнување на европските средства претставува дополнителен финансиски и политички предизвик во првата година од членството во еврозоната.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Брисел ѝ се заканува на Бугарија со…

Европската комисија предупреди дека Бугарија би можела…

Мајкрософт прогласи „црвена тревога“ по 24-часовниот прекин…

Мајкрософт прогласи „црвена тревога“ по глобалниот прекин…

Клековски најави реформи во Брзата помош: Централен…

Формирање самостоен Центар за итна медицинска помош…

Продолжува специјалната војна: Бугарите сега тврдат дека…

Министерството за внатрешни работи презело мерки против…

Иран одбива преговори со САД сè додека…

Главниот преговарач на Иран и претседател на…