Британија и Франција клучни за европската одбрана, вели поранешниот шеф на НАТО
Поранешниот генерален секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен, оцени дека Велика Британија и Франција треба да преземат водечка улога во зајакнувањето на европската одбрана и формирањето поширока „коалиција на оние што се волни“, способна да дејствува и без директна поддршка од САД, пишува Телеграф.
Расмусен нагласува дека Европа мора да ги засили сопствените одбранбени капацитети, но не како алтернатива на НАТО, туку како посилен европски столб во рамките на Алијансата. Според него, НАТО останува клучна основа на европската и северноатлантската безбедност, но актуелните околности бараат европските држави да преземат поголема одговорност.
„Во иднина, би можеле да се дискутираат многу интересни структури што би ѝ овозможиле на Европа сама да управува со својата судбина, но сега ни е потребна „коалиција на добронамерните“ што би вклучувала ново тело за донесување одлуки“, изјави Расмусен, пренесува Телеграф.
Тој потенцира дека ваквото здружување не треба да ја замени Северноатлантската алијанса, туку да функционира во координација со неа. Според британскиот медиум, Расмусен смета дека Лондон и Париз, како две европски нуклеарни сили, треба да имаат клучна улога.
Во последниот период се засилуваат дебатите за тоа дали европските членки на НАТО можат самостојно да ја гарантираат безбедноста на континентот, особено по поострите пораки од Вашингтон кон сојузниците за зголемување на трошоците за одбрана.
Расмусен, кој ја извршуваше функцијата од 2009 до 2014 година, и претходно повика Европа да преземе поголема одговорност за сопствената безбедност. Во март, тој повтори дека е потребен поавтономен пристап во рамките на НАТО.
Прашањето за европската одбранбена независност останува една од клучните теми во Алијансата, но, според западните медиуми, постојат значајни разлики меѓу европските земји за темпото и обемот на намалување на зависноста од САД, пренесе Политика.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Британија и Франција клучни за европската одбрана,…
Поранешниот генерален секретар на НАТО, Андерс Фог…
Албанија се позиционира како логистички НАТО центар преку…
Амбасадорот на САД во НАТО, Метју Витакер,…
Руски дронови паднаа на територија на Романија…
Романските власти пронајдоа остатоци од две руски…
Туск: Прашањето е дали САД се лојални…
Полскиот премиер Доналд Туск во вторникот изјави…
НАТО стои зад Турција, тврди секретарот на…
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, при…