Туск: Прашањето е дали САД се лојални на одбраната на Европа
Полскиот премиер Доналд Туск во вторникот изјави дека прашањето е дали САД ќе бидат лојални на својата обврска кон НАТО за одбрана на Европа во случај на руски напад и ја повика Европската Унија да стане вистински сојуз за заштита на континентот, објави РТВ.
Туск изјави за Фајненшл тајмс дека „најголемото и најважното прашање“ за Европа е дали САД се подготвени да бидат лојални, како што е предвидено во договорите на НАТО, и предупреди дека Русија би можела да нападне членка на НАТО во наредните месеци.
„За целoтo источнo крило, моите соседи… прашањето е дали НАТО е сè уште организација подготвена, политички и логистички, да реагира, на пример, против Русија ако се обидат да нападнат“, рече Туск. Тој додаде дека некои членки на НАТО, предводени од САД, „се преправале дека ништо не се случило“ кога околу 20 руски беспилотни летала го нарушиле полскиот воздушен простор минатата година.
„Ова е нешто навистина сериозно. Зборувам за краткорочни перспективи, а не за месеци или години. Навистина е важно за нас да знаеме дека сите ќе ги сфатат обврските кон НАТО исто толку сериозно како што ги сфаќа Полска“, нагласи Туск. Тој рече дека „нема комплекси“ во врска со односите меѓу САД и Полска. „Вашингтон се однесува кон Полска како кон свој најдобар и најблизок сојузник во Европа. Но, за мене вистинскиот проблем е што ќе се случи во пракса ако нешто се случи“, рече Туск, кој додаде дека сака да верува дека Член 5, кој предвидува дека НАТО ја брани која било од своите земји-членки ако биде нападната, сè уште е важечки.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Белата куќа на сајтот објави видео-игри, во…
Белата куќа на својот официјален сајт претстави…
ЕУ ќе издвои дополнителни 200 милиони евра…
Европската унија ќе обезбеди дополнителни 200 милиони…
Холандија повлече 86 тони злато од САД…
Холандската централна банка (DNB) префрли 86 тони…
Лефков: Талогот на СДС и Филипче за…
Венко Филипче кој има главна улога во…
Европа стравува од нов енергетски шок: Цената…
Европскиот енергетски пазар повторно се соочува со…