Британија распореди системи за воздушна одбрана „Стормер“ на Кипар
Британските вооружени сили распоредија системи за воздушна одбрана „Стормер“ на Кипар за да ја зајакнат воздушната одбрана на медитеранскиот остров, соопшти британското Министерство за одбрана. Системите за воздушна одбрана „Стормер“ со голема брзина, опремени со ракети земја-воздух „Старстрик“, беа распоредени откако британските сили пресретнаа 14 дронови во Медитеранот, објави „Сајпрус меил“.
Системот за воздушна одбрана е дизајниран да се спротивстави на брзи, нисколетачки непријателски ракетни закани, вклучувајќи и дронови. Ракетата „Старстрик“, која лета со брзина поголема од 3 маха (3.700 километри на час) и користи систем за муниција со ласерско водење, е дизајнирана да ги неутрализира воздушните закани со минимално време на реакција, дури и во услови на електронско блокирање.
Распоредувањето е дел од зајакнувањето на британското воено присуство околу Кипар, кое се интензивираше откако беспилотно летало од иранско производство ја погоди базата Акротири претходно овој месец. Во понеделник, британскиот разорувач „ХМС Драгон“ пристигна во водите покрај Кипар, а неговиот командант, Иан Грифин, рече дека е „исклучително горд на брзото распоредување и подготвеноста на екипажот“.
Бродот е опремен со ракетен систем „Си Вајпер“, кој може да следи повеќе воздушни закани во секое време и да пресретнува непријателски ракети, вклучувајќи беспилотни летала и ракети земја-воздух. Британското Министерство за одбрана соопшти дека се распоредени и дополнителни воздушни средства, вклучувајќи хеликоптери „Нилдкет“ и „Мерлин“, заедно со специјализиран персонал задолжен за координирање на операциите за воздушна одбрана. Британскиот премиер Кир Стармер изјави дека безбедноста на Кипар е „фундаментална“ за Обединетото Кралство и дека британските бази на островот нема да се користат за офанзивни операции.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Британија распореди системи за воздушна одбрана „Стормер“…
Британските вооружени сили распоредија системи за воздушна…
Грција одобри развој на системот за воздушна…
Грција одобри развој на систем за одбрана…
Кипар сака да влезе во НАТО
Кипар ќе аплицира за членство во НАТО…
Грција предупредува: Напад врз Кипар е закана…
Mинистерот за надворешни работи на Грција, Јоргос…
Британскиот министер за одбрана во итна посета…
Британскиот министер за одбрана, Џон Хили, патува…