Кипар сака да влезе во НАТО
Кипар ќе аплицира за членство во НАТО алијансата, изјави претседателот на земјата Никос Христодулидес, пренесуваат грчките медиуми.
Тој посочи дека неодамнешните напади на Иран врз Кипар биле насочени исклучиво кон британските воени бази што се наоѓаат на островот. Христодулидис појасни дека постоела одредена вознемиреност поради изјава на британскиот министер за одбрана во врска со британските бази на Кипар, што предизвикало загриженост кај кипарската страна.
Како што наведе, биле потребни дури и контакти со британскиот премиер за да се разјасни дека британските бази на Кипар не се користат за офанзивни операции поврзани со војната.
Тој исто така изјави дека нападите кои досега биле извршени главно доаѓале од Либан и додаде дека е во постојана комуникација со претседателот на таа земја.
„Разбирате дека во многу случаи целта од Иран е Израел. Проектилите минуваат низ регионот, низ поширокиот источен Медитеран, и тоа е нешто што се следи многу внимателно“, изјави тој.
Христодулидис додаде дека Кипар располага со сопствени системи кои се значително унапредени, а во исто време постои и заштита од британската страна, како и договори со европските држави.
Одговарајќи на прашање за можноста Кипар да стане членка на НАТО, тој рече дека доколку тоа би било можно веднаш, земјата би поднела соодветно барање, но дека тоа во моментот не може да се случи поради постојните политички околности и ставот на Турција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Руте: Сојузниците на Украина немаат избор освен…
Сојузниците на Украина немаат друг избор освен…
Орхан Муртезани стапи на функцијата во НАТО,…
Новиот македонски амбасадор во НАТО, поранешниот министер…
Фон дер Лајен и Руте ќе разговараат…
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер…
Подигната готовноста на Мисијата на НАТО за…
Авионите на Мисијата на НАТО за заштита…
Извештаи: Шефот на ЦИА во Москва ја…
Директорот на ЦИА, Џон Ретклиф, ја предупредил…
