Објавено на:

Британскиот премиер ги повика граѓаните да направат залихи од храна и вода

t

Британскиот премиер Енди Барнам ги советуваше граѓаните да направат залихи од конзервирана храна и флаширана вода за да бидат подготвени за вонредни ситуации. Во време кога силни бури го погодуваат Обединетото Кралство, а неодамна имаше и прекини на интернет-врските предизвикани од голем безбедносен пропуст, Барнам изјави дека се чини оти неочекуваните настани стануваат сè почести, пишува Би-би-си.

Британската влада подготви препораки според кои домаќинствата треба да имаат залихи од вода и конзервирана храна доволни за три дена. Целта е граѓаните полесно да се справат со кризни ситуации, како војна, кибернапади или природни катастрофи.

„Не станува збор за панично купување. Станува збор за разумни мерки, за да имате доволно намирници дома и да можете да пребродите тешка ситуација доколку дојде до неа“, изјави Барнам.

Минатиот месец британската Национална канцеларија за ревизија (NAO) предупреди дека синџирот за снабдување со храна е загрозен поради зголемената опасност од кибернапади и климатската криза.

Во извештајот се наведува дека Министерството за животна средина, храна и рурални прашања (Def a) во изминатите години не направило доволно за да ја зајакне отпорноста на системот за снабдување со храна.

Извршниот директор на Федерацијата за ладен синџир, која обединува компании за транспорт на храна во контролирани температурни услови, исто така изјави дека се цел на руски хакери кои ги познаваат слабите точки во системот за снабдување со храна.

Барнам, на самитот за отпорност во Ливерпул, ги отфрли тврдењата дека владата не се подготвила доволно добро.

„Не, ние само разговараме со луѓето за тоа како да бидат поподготвени, бидејќи живееме во свет во кој неочекуваните настани стануваат сè почести. Очигледно е дека се соочуваме со временски непогоди. Денес Обединетото Кралство е погодено од бури и сочувствуваме со луѓето во Корнвол кои во моментов се без електрична енергија“, рече тој.

„Важно е да ги имате тие залихи дома за да можете да пребродите вакви моменти. Значи, започнуваме разговор за отпорноста“, објасни британскиот премиер.

Британската влада препорачува граѓаните да имаат залихи од девет литри вода по лице, што е доволно за три дена, како и храна со долг рок на траење, вклучително и конзервирано месо, зеленчук и сушено овошје.

Властите советуваат и домаќинствата да имаат ФМ-радиоприемник на батерии или со рачно напојување.

Во случај на национална криза, Би-би-си би им дал приоритет на вестите и информациите поврзани со здравјето и безбедноста. ФМ-радиото би било еден од најдобрите начини за добивање информации при сериозен прекин на електричната енергија.

На списокот со препорачани залихи се наоѓаат и средства за дезинфекција на рацете, влажни марамчиња, средства за лична хигиена, храна за домашни миленици и производи за бебиња.

Исто така, се препорачуваат батериска светилка, ќебиња, наполнета преносна батерија за мобилен телефон, готовина во случај на прекин на електронските системи за плаќање, прибор за прва помош и копии од важни документи.

Британските власти нагласуваат дека целта не е граѓаните панично да купуваат производи, туку постепено да обезбедат основни залихи што ќе им овозможат самостојно да функционираат во првите 72 часа од евентуална криза.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Британскиот премиер ги повика граѓаните да направат…

Британскиот премиер Енди Барнам ги советуваше граѓаните…

Студент по медицина со просек 10 го…

Младиот човек тврди дека нема криминално досие,…

Меланија Трамп издејствува прекин на огнот меѓу…

Меланија Трамп, сопругата на американскиот претседател Доналд…

Нафтата се приближува до 117 долари: Силен…

Цените на нафтата продолжуваат нагло да растат,…