Бугарија си најде нова Спаска Митрова
Софија очајнички се труди да најде онеправдани Бугари во Македонија, па од тие причини деновиве се драматизира случајот со нашата државјанка што се декларира како Бугарка по потекло, Ива Михајлова, во очигледен обид од неа да се прави нова Спаска Митрова.
Имено, во Кочани денес се одржува уште едно рочиште во случајот против 23-годишната Михајлова, која е обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа во која самата се здобила со тешки повреди.
БГНЕС денес пишува дека несреќата се случила во октомври 2025 година во штипскиот регион. По започнувањето на истрагата, на Михајлова, која има и бугарско државјанство, ѝ биле одземени личните документи, а на жената ѝ било забрането да ја напушти Република Северна Македонија. Со месеци нејзиното семејство се обидува да добие дозвола од локалните власти таа да продолжи со лекувањето во Бугарија.
Михајлова тврди дека во несреќата претрпела сериозни повреди на ‘рбетот. Според нејзините роднини и експерти, потребниот третман не може да се спроведе во Република Северна Македонија. Сепак, два суда во земјата не ѝ дозволиле на 23-годишната жена да ја напушти земјата за да продолжи со лекувањето во Бугарија од страв дека ќе избега, а и поради проценка дека за такво лечење има услови во Македонија.
Случајот предизвика реакција од бугарските институции. Претседателката Илијана Јотова најави дека ќе го покрене прашањето пред генералниот секретар на Советот на Европа. Премиерот Румен Радев објави дека Бугарија подготвува протестна нота до властите во Република Северна Македонија во врска со случајот.
Парламентарниот комитет за политика на Бугарите во странство ги задолжи бугарските пратеници да присуствуваат и да ги набљудуваат сослушувањата за случајот. Пратениците од Прогресивна Бугарија, ГЕРБ-СДФ и Вазраждане се очекува да присуствуваат денес во судницата во Кочани, а Фондацијата Македонија на Виктор Стојановски најави протест пред македонската амбасада во Софија, бидејќи тука му е забранет влез поради константни провокации.
Во соопштението на „Фондацијата Македонија“ се наведува дека „целта на граѓанската организација е со протестот да изразат поддршка за Ива Михаилова и за луѓето со бугарски идентитет во Република Северна Македонија, кои се прогонувани, осудувани, напаѓани и апсени од државните власти на Северна Македонија поради нивните отворени бугарски национални чувства”.Не е првпат Фондацијата Македонија да се служи со такви квалификации, но прашање е дали треба да бидат пренесувани ако содржат невистини или говор на омраза.
Случајот го покренаа и бугарските европратеници, кои ја повикаа Европската комисија да го следи неговиот развој и да биде земен предвид при оценките за напредокот на Република Северна Македонија на нејзиниот пат кон членство во Европската Унија.
Најмалку шест бугарски пратеници исто така ќе присуствуваат на рочиштето закажано денеска во Кочани, која има двојно државјанство – македонско и бугарско. Таа е обвинета за кривичното дело „Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“, по сообраќајната несреќа од октомври лани, во која едно лице го загуби животот, а неколку други беа повредени, меѓу кои и самата Михаилова. Таа ја отфрла вината за несреќата и тврди дека не настанала по нејзина вина.
Претходно, на 4-ти август, собраниската Комисијата за политика за Бугарите во странство ја сослуша мајката на Ива, Христина Михаилова, во Народното собрание. Таа презентирала информации за исказите на сведоците и експертизи собрани во случајот, кои, според одбраната, ја ослободувале нејзината ќерка од вина. Мајката изразила сомнежи за начинот на кој се води процесот.
„Во однос на лекувањето, Христина Михаилова рече дека во текот на последните 10 месеци семејството пет пати побарало Ива Михаилова да биде лекувана во Бугарија. Според нејзините зборови, дури ѝ бил одбиен пристап до рехабилитација во соседниот град Штип“, објави БТА.
На денешното рочиштето во Кочани се очекувало да бидат испрашани експерти кои подготвиле две противоречни експертизи за случајот.
Извор: Независен
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бугарија си најде нова Спаска Митрова
Софија очајнички се труди да најде онеправдани…
РКЕ одлучи: Голем пад на цената на…
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и…
Казна од 3.000 евра за државјанин на…
Државјанин на Србија е казнет со вкупно…
Брисел подготвува нови 1.600 санкции против Русија
Европската Унија подготвува нов, голем список на…
Италија го продолжи суспендирањето на Шенген со…
Италијанската влада најави 15-дневно продолжување на суспендирањето…