Бунт во Бугарија поради американските авиони: „Не сакаме да бидеме дел од туѓа војна“
Жителите на бугарската општина Безмер, десетина километри западно од Јамбол, протестираат против распоредувањето на американски авиони во воздухопловната база што се наоѓа во близина, тврдејќи дека не биле однапред информирани и дека одлуката е донесена без консултација со локалната заедница. Тие потпишале петиција и свикале протест, на кој повикуваат да им се придружат и жителите на околните села и населби.
Градоначалникот на општината Безмер, Росен Русев, нагласи дека луѓето не се против самото постоење на воената база или спроведувањето на вежбите, туку против специфичната мисија за стационирање американски авиони-танкери, ангажирани во војната во Иран, објави бТВ.
Според него, мештаните стравуваат дека по дипломатската нота на Иран „неизбежно ќе станеме потенцијална цел“. Русев додаде дека е малку веројатно дека петицијата ќе ја промени одлуката, но барем „гласот на луѓето од регионот ќе остане“, кои се плашат дека „влегуваме како земја во војна што не е наша“.
Градоначалничката на селото Бољарски, Вања Пејнева, исто така изрази категорично несогласување со распоредувањето на авионите-цистерни.
– Не сакаме овие авиони-цистерни да бидат распоредени тука. Многу често слушаме дека цивилни цели се погодени случајно. Тоа е она што ги загрижува луѓето. Ние сакаме само мир – рече Пејнева.
Сличен став изрази и градоначалникот на селото Роза, Енчо Јоргов. Според него, дури и да нема инциденти, распоредувањето на авионите „донесува вознемиреност кај нашите жители“. Тој инсистираше државата да ја гарантира безбедноста на луѓето ако авионите останат во базата.
Општински советник од општина Тунџа ја опиша парламентарната одлука како претворање на Безмер во „легитимна цел во војна што не е наша“. Според него, тврдењето дека мисијата е логистичка не ја менува ситуацијата, бидејќи „логистиката е исто така дел од војната“.
Тој исто така потврди дека протестот ќе се одржи, повикувајќи ги сите заинтересирани граѓани да се вклучат.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бунт во Бугарија поради американските авиони: „Не…
Жителите на бугарската општина Безмер, десетина километри…
Тошковски: Во гостиварскиот водовод се врши плакнење…
Во градот Гостивар почна хиперхлорирање на водата…
На директорот на Радио-телевизија Подгорица му е…
На директорот на Радио-телевизија Подгорица, Владимир Оташевиќ,…
Зошто Украина ги напаѓа магацините на Вајлдберис…
Украина уништи уште два големи магацини во…
Утре пороен дожд, грмежи и температури до…
Времето утре ќе биде променливо облачно и…