На директорот на Радио-телевизија Подгорица му е забранет влез во Србија
На директорот на Радио-телевизија Подгорица, Владимир Оташевиќ, ноќеска му е забранет влез во Србија на граничниот премин Гостун, објави Радио-телевизија на Црна Гора, повикувајќи се на решение на српската Гранична полиција за одбивање влез.
Според документот, Оташевиќ пристигнал на граничниот премин еден час по полноќ, по што, по извршената гранична контрола, му бил одбиен влезот во Србија.
Во решението е наведено дека влезот може да биде одбиен кога тоа го налагаат „причините за заштита на безбедноста на Србија и на нејзините граѓани“.
Оташевиќ изјави дека е изненаден од одлуката да не му биде дозволен влез во Србија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Само 265 лица од Македонија со бугарски…
Многу слаб интерес владее во Македонија за…
Новинарка на N1 спречена да влезе во…
Новинарка на телевизијата N1 ги посети просториите…
САД ги повлекува дипломатите и членовите на…
Соединетите Американски Држави забрзано преместуваат дел од…
ВМРО-ДПМНЕ: Две недели Филипче молчи и не…
Венко Филипче пред две недели најавуваше анкети…
Нетанјаху објави слика од нуклеарка: Израел се…
Израел се соочува со егзистенцијална закана од…