Објавено на:

„Вашингтон пост“- Русија му доставува разузнавачки податоци на Иран за цели на американските сили

t

Русија му доставува разузнавачки информации на Иран кои вклучуваат локации на американски воени бродови и авиони на Блискиот Исток, објави денес „Вашингтон пост“, повикувајќи се на тројца официјални лица запознаени со доверливите податоци.

Обемот на руската поддршка за Иран не е целосно јасен, но способноста на иранската војска да ги лоцира американските сили е ослабена откако САД и Израел минатата недела започнаа напади врз Техеран, наведува весникот, а пренесува агенцијата Ројтерс.

Во меѓувреме, конфликтот дополнително ескалираше со одмазднички напади од страна на Иран и со вовлекување на соседните земји во судирот, додека Техеран настојува да им наметне висока цена на Соединетите Американски Држави, Израел и нивните сојузници.

Американската војска идентификуваше шест резервисти кои загинале во Кувајт, кога беспилотно летало удрило во американски воен објект во пристаништето Шуаиба. Американскиот претседател Доналд Трамп и други високи претставници предупредија дека конфликтот најверојатно ќе доведе до уште жртви меѓу американските војници.

Портпаролката на Белата куќа, Ана Кели, не ги коментираше директно наводите за руската поддршка за Иран.

„Иранскиот режим е целосно ослабен. Нивниот одговор со балистички ракети секој ден слабее, нивната морнарица се уништува, производствените капацитети се разоруваат, а нивните сојузници едвај пружаат отпор“, изјави Кели во писмен одговор на прашања од Ројтерс.

Кремљ во петокот соопшти дека Русија е во дијалог со претставници на иранското раководство, но одби да даде детали кога новинарите прашаа дали Москва му помага на Техеран.

Конфликтот, според анализите, неочекувано донел и одредена корист за Русија, бидејќи значително се зголемила побарувачката за руската нафта и гас, што го засили извозот ослабен во последните години поради санкциите поврзани со војната во Украина.

За време на војната на Русија против Украина, Соединетите Американски Држави му доставуваа разузнавачки информации на Киев.

Руската амбасада во Вашингтон и руската мисија при Обединетите нации во Њујорк не одговориле веднаш на барањата за коментар, пренесува Ројтерс.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Вашингтон пост“- Русија му доставува разузнавачки податоци…

Русија му доставува разузнавачки информации на Иран…

Германскиот министер за надворешни работи го повика…

Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул…

Трамп: Имам неколку кандидати за нов ирански…

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека…

Мистерија во кумановско: Сестра пријавила сомнеж дека…

Шеесетгодишен жител на кумановското село Довезенце бил…

Катарскиот министер за енергетика: Барел нафта ќе…

Министерот за енергетика на Катар, Саад ал-Каби,…