Мистерија во кумановско: Сестра пријавила сомнеж дека брат и бил отруен, полицијата истражува!
Шеесетгодишен жител на кумановското село Довезенце бил пронајден мртов во својот дом на последниот ден од минатата година, а неговото семејство изразило сомнеж дека смртта можеби не била природна.
Од Министерството за внатрешни работи информираа дека на 5 март во СВР Куманово 50-годишната Д, објави e од селото Довезенце пријавила сомнеж во врска со смртта на нејзиниот брат М.П. (60).
Според нејзината пријава, на 31 декември 2025 година околу 22 часот една од нејзините сестри ја известила дека нивниот брат починал во куќата во која живеел во селото. Тој живеел заедно со својот татко и со партнерката А.Р. од селото Младо Нагоричане, во општина Старо Нагоричане.
По добиената информација, пријавителката заедно со уште една сестра и зет заминале во куќата, каде што го затекнале М.П. починат на кревет.
Во пријавата се наведува дека истиот ден околу 20:30 часот од телефонот на починатиот била повикана Итна медицинска помош, чии екипи констатирале смрт, додека неговата партнерка А.Р., на која ѝ се слошило, била пренесена во болница.
Сепак, според наводите во пријавата, од Итната медицинска помош не било пријавено починато лице во полиција, а потврдата за смрт не била издадена истиот ден кога била констатирана смртта, туку наредниот ден, на 1 јануари 2026 година, по инсистирање на сестрата.
Сестрата во пријавата навела дека се сомнева дека нејзиниот брат можеби бил отруен, а не дека починал од природна смрт.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки и активности за расчистување на случајот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фон дер Лајен: Време е за Европска…
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…
Русија се закани со нуклеарен одговор во…
Руската амбасада во Велика Британија денеска предупреди…
Владата препорачува работа од дома за вработените…
Владата на денешната седница ја разгледа информацијата…
Нетанјаху тврди дека има „индикации“ за можни…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху предупреди дека постојат…
Катар тврди дека сè уште посредува меѓу…
Катар продолжува да посредува и да пренесува…