Велешанецот пријавен за измама со кубански вакцини бил пријавен и за друга измама за проект во Охрид
Велешанецот кој е пријавен за измами со кубански вакцини е пријавуван и за друга измама преку невладината организација чиј претседател бил тој, јави Тв Телма.
– Тој уште пред неколку години, ова лице добило пријава за измама преку проект наводно финансиран со европски пари, преку невладина на лица со инвалидидтет од Велес. Проектот се реализирал во Охрид, за парк за лица со инвалидидтет, но изведувачите не добиле пари. Според информациите на Тв Телма тогаш се работело за измама од 100 илјади евра, но од полицијата нема одговори како завршила оваа пријава. Нема информации ниту пак дали има нови после написите на „Слободен печат“ дека тој е под истрага за тоа што продавал и аплицирал вакцини кои се од Куба, а наводно лекуваат рак. Десетици граѓани регираат дека во неизвесност за сопственото, но и здравјето на своите блиски го пронашле М.А од Велес и за суми кои се движат од 1.500 до 3.200 евра, па и нагоре ја купувале вакцината која најчесто не ја ни виделе а им ја вбризгувал самиот добавувач. После голем број неуспешни лекувања и смртни случаи стигнале првите пријави во полиција дека се измамени, јави телевизијата.
Денеска министерот за здравство Сашо Клековски изјави дека за случајот разбрал од медиумите, откако беше објавено истражувањето.
– Во однос на случајот со кубанските вакцини, не сум запознат надвор од медиумските извештаи, но морам да кажам дека во Министерството за здравство работиме на повеќе случаи за незаконска употреба на средства, и измами и злоупотреби поврзани со тоа, изјави министерот Клековски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Велешанецот пријавен за измама со кубански вакцини…
Велешанецот кој е пријавен за измами со…
Шестмина уапсени во Србија: Обвинителството тврди дека…
Српската полиција уапсила шест лица под сомнение…
Тројца повредени во сообраќајна несреќа во Скопје…
Три лица се повредени во сообраќајна несреќа…
Владини веб-страници исклучени поради критични безбедносни пропусти:…
Дел од владините веб-страници во Европа привремено…
Британија под двоен економски притисок: Инфлацијата расте,…
Британската економија се соочува со истовремен раст…