Вечерва ќе се спроведе 13-тата дезинсекција против комарци за оваа сезона
Вечерва на подрачјето на градот Скопје, ќе се изврши 13-тата дезинсекција против комарци за оваа сезона, со теренски третман, информира градоначалникот на гРад Скопје, Орце Ѓорѓиевски.
– Активностите продолжуваат и во наредните денови.
Издадов налози на 20 август да се спроведе теренска дезинсекција против возрасни форми на комарци, на 21 август, во раните утрински часови, да се изврши авионска дезинсекција, додека од 23 до 26 август да се спроведува терестична дезинсекција против возрасни форми на комарци.
Сите активности се реализираат согласно Годишната програма, законските обврски и Елаборатот изготвен од Центарот за јавно здравје – Скопје, одобрен од здравствените власти.
Во изминатиот период беа реализирани повеќе третмани за сузбивање на ларвите и возрасните форми на комарци.
Дезинсекција против ларви:
– 7 мај – авионска дезинсекција
– 11 јуни – авионска дезинсекција
– 26 јуни – теренска дезинсекција
– 10 јули – авионска дезинсекција
– 23 јули – теренска дезинсекција
– 11 август – теренска дезинсекција
Дезинсекција против возрасни форми на комарци:
– 1 и 2 јуни – авионска дезинсекција
– 18 и 20 јуни – теренска дезинсекција
– 27 и 28 јуни – авионска дезинсекција
– 13 и 15 јули – теренска дезинсекција
– 30 и 31 јули – авионска дезинсекција
– 4 и 6 август – теренска дезинсекција
До крајот на сезоната, ќе се извршат повеќе од 20 дезинсекции против комарци.
Овие податоци најдобро покажуваат дека активностите се спроведуваат континуирано, навремено и согласно однапред утврдена динамика.
Продолжуваме навремено и системски да работиме на заштита на колективното здравје и благосостојбата на граѓаните, напиша градоначалникот на Фејсбук.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вечерва ќе се спроведе 13-тата дезинсекција против…
Вечерва на подрачјето на градот Скопје, ќе…
Водата во Скопје е исправна за пиење,…
Водата во Скопје е безбедна и ги…
Ќе се прска против комарци во Јегуновце
Општина Јегуновце ги известува граѓаните дека на…
Секторот за компјутерски криминал повика 13 лица…
Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста…
Повеќе лица меѓу кои и две жени…
Повеќе лица попладнево се повикани на разговор…