(Видео) Американската војска заплени уште еден танкер поврзан со шверц на иранска нафта
Американската војска заплени уште еден танкер поврзан со шверц на иранска нафта, соопштија американски официјални лица, како дел од засилената операција против, како што велат, нелегалните мрежи што го поддржуваат Иран.
Танкерот „Маџестик Икс“ беше запленет во Индискиот Океан, според Пентагон, а објавено е и видео од американските сили на неговата палуба, објави АП. Бродот наводно бил под санкции на САД поради претходен шверц на иранска нафта и пловел кон Кина.
Министерството за одбрана на САД соопшти дека ќе ги продолжи своите операции за „глобално спроведување на поморскиот закон“ за пресретнување на бродови поврзани со извоз на иранска нафта. Заплената следеше по, како што рече, новите инциденти во Ормутскиот теснец, каде што иранските сили претходно ја презедоа контролата врз неколку бродови. Европскиот комесар за енергетика, Ден Јоргенсен, предупреди дека нарушувањата на пазарот имаат сериозни последици за европската економија и дека трошоците од кризата достигнуваат стотици милиони евра дневно.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Американската војска заплени уште еден танкер…
Американската војска заплени уште еден танкер поврзан…
Фокс њуз: Зошто половична војна со Иран…
Претседателот Доналд Трамп донесе тешка, но на…
Зеленски: Разговорите за Украина не смеат да…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека војната…
Два милиони луѓе во Иран останале без…
Повеќе од два милиони луѓе во Иран…
Иран нападнал транспортен брод во близина на…
Брод за превоз на контејнери бил нападнт…