Објавено на:

Иран нападнал транспортен брод во близина на Оман, јавуваат британските служби

t

Брод за превоз на контејнери бил нападнт во близина на брегот на Оман, јавува британската служба за поморски трговски операции. Од таму велат дека инцидентот се случил на околу 28 километри североисточно од Оман, во зона на Арапското море која е чувствителна, а се сомневаат дека инцидентот е поврзан со Иранската револуционерна гарда.

Британската служба тврди дека капетанот на транспортниот брод пријавил дека до нив се приближил ирански воен глисер кој без претходно предупредување отворил оган. Била причинета сериозна штета на командниот мост на бродот, но немало пријави за пожар или за еколошко загадување. Екипажот е безбеден.

Инцидентот се случува во период на зголемени тензии во регионот. Во последните месеци се регистрирани повеќе напади врз бродови во Персискиот Залив, Ормуската Теснина и Оманскиот Залив – клучни поморски рути за светската трговија со нафта. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Иран и Русија планираат изградба на гасовод…

Иран планира во соработка со Русија да…

Блумберг: САД и Иран се приближуваат до…

САД и Иран се приближуваат до можен…

Иран: Развивме подземни комплекси за производство на…

Иранскиот Корпус на исламската револуционерна гарда (ИРГЦ)…

САД нудат награда од 20 милиони долари…

Соединетите Американски Држави нудат награда до 20…

Иран се заканува со ракетни напади врз…

Ирански пратеници се заканија со ракетни напади…