(Видео) Боксови, клоци, туркање: наставник приведен поради физичка пресметка со ученик во Приштина

t

Случај на физичко насилство е регистриран во основното училиште „Паваресија“ во Приштина, откако во јавноста се појави видео-снимка на која се гледа наставник како удира ученик за време на настава. На снимката се забележува и реакција на ученикот, кој во еден момент возвраќа со удар кон наставникот.

Инцидентот го потврди директорот на училиштето, Халил Брахај, додека од Основното обвинителство во Приштина информираа дека преземени се конкретни мерки. Главниот обвинител Зејнулах Гаши за медиумите изјави дека е издаден налог за задржување од 48 часа за наставникот, кој е осомничен дека извршил физичко насилство врз ученикот.

Надлежните институции најавуваат дека случајот се истражува, а видеото кое кружи на социјалните мрежи се разгледува како доказен материјал. Јавноста во Косово остро реагираше на настанот, со повици за одговорност и заштита на учениците во образовниот систем.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Боксови, клоци, туркање: наставник приведен поради…

Случај на физичко насилство е регистриран во…

Соработничката на Епстајн се брани со молчење

Џислејн Максвел, осудената соучесничка на дискредитираниот финансиски…

Поранешен пратеник на ДУИ: Арбен Зибери премина…

Арбен Зибери, поранешниот пратеник од редовите на…

Ристески: И покрај утрешните протести организирани од…

Петар Ристески, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ беше дел…

Вучиќ не открива дали ќе биде кандидат…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека…