(Видео) Боксови, клоци, туркање: наставник приведен поради физичка пресметка со ученик во Приштина

t

Случај на физичко насилство е регистриран во основното училиште „Паваресија“ во Приштина, откако во јавноста се појави видео-снимка на која се гледа наставник како удира ученик за време на настава. На снимката се забележува и реакција на ученикот, кој во еден момент возвраќа со удар кон наставникот.

Инцидентот го потврди директорот на училиштето, Халил Брахај, додека од Основното обвинителство во Приштина информираа дека преземени се конкретни мерки. Главниот обвинител Зејнулах Гаши за медиумите изјави дека е издаден налог за задржување од 48 часа за наставникот, кој е осомничен дека извршил физичко насилство врз ученикот.

Надлежните институции најавуваат дека случајот се истражува, а видеото кое кружи на социјалните мрежи се разгледува како доказен материјал. Јавноста во Косово остро реагираше на настанот, со повици за одговорност и заштита на учениците во образовниот систем.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Земјотрес со магнитуда од 5,0 степени во…

Земјотрес со пријавена магнитуда од 5,0 степени…

Масовни протести во Франција, запален и еден…

Судири избувнаа меѓу демонстрантите и полицијата во…

Арагчи ја предупреди Европа на „разорен удар“…

Шефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи, предупреди…

ФИЛИПЧЕ РЕШИ ДА СЕ ПРЕСМЕТА И СО…

За Платформата Бихаќка тврди дека подготвува нова…

МВР со детали за тепачката меѓу навивачите…

Според информациите од МВР, помала група припадници…