(Видео) Бугарски европратеник се жали од македонската дипломатија: „Мицкоски и Муцунски ја обиколија цела Европа да го заштитат македонскиот интерес“

t

Бугарскиот европратеник Ивајло Валчев реагираше на активната македонска дипломатија во Европа. Тој порача дека високите претставници на Македонија „обиколија насекаде каде можеа да обиколат, се сретнаа насекаде каде можеа да се сретнат и насекаде рецитираа едното исто“.

„Македонската дипломатија работи исклучително активно, би рекол дури и агресивно. Ќе дадам еден пример, минути пред да го гласаме извештајот во средата, имаше претставници на македонската страна кои до последен момент се обидуваа да организираат средби и да стапат во контант со луѓето кои влегуваа во салата за да гласаат“, рече Валчев.

„Има една иделогоија врз која изградена целата егзистенција на Македонија, тоа е дека Бугарија е непријател, како и да кажуваме и на таа теза постојано треба да се работи. За никого не е тајна дека нашите соседи вложуваат огромни средства во тоа. За никого не е тајна дека тие имаат специјална група луѓе кои се грижи за тоа да знаат што се случува во парламентот, што се случува во Бугарија и се работи на контрирање на секоја една бугарска идеја и на секој бугарски збор кој што се слуша. Бевте сведоци како во неделите пред гласањето на Владата, високите претставници на Македонија обиколуваа насекаде каде што можеше, се сретнаа со секој со кој можеа да се сретнат на ниво на надворешни министри, премиери и насекаде рецитираа едно исто: Сакаме во ЕУ, но Бугарија е пречка“, се пожали Валчев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Бугарски европратеник се жали од македонската…

Бугарскиот европратеник Ивајло Валчев реагираше на активната…

Двајца мажи тепале деца во училишен двор…

ОВР Струга поднесе кривична пријава против А.Д.(39)…

Торонто Стар: Македонија продолжува да биде цел…

Татковината на моите родители можеби има светла…

Заврши зад решетки и остана без возило:…

Српски државјанин бил лишен од слобода откако…

Димитриевски: Многу идеи се на маса, до…

До вторник сè ќе се знае, тогаш…