(Видео) Даштевски: Нема бојкот на претседателските избори, излезноста според процентите е иста

t

На првата прес конференција на Државната изборна комисија откако ги соопшти процентите и бројките за излезноста до 9 часот за претседателските и за парламентарните избори, претседателот Александар Даштевски констатираше дека нема бојкот на изборите за претседател, туку излезноста процентуално е иста со парламентарните избори.

-Од тоа што го гледам, најверодостојно е, и апсолутно нема. Иста е излезноста и на едните и на другите, според процентот. Не знам како гласале, дали се поништени, меѓутоа процентот е тој. Значи сите што гласале за едните гласале и за другите избори според процентот. Тој е процентот, рече Даштевски.

Тој нагласи дека е слична и излезноста во однос на првиот круг на претседателките избори кој се одржа на 24 април.

Подетално се осврна на техничките проблеми кои се појавиле во 6 избирачки места и во однос на приговорите кои утрово пристигнале до ДИК.

-Сите избирачки места во 80 општини се отворени, односно вкупно 3480 места и се гласа на сите места. На некои се појавени технички проблеми кои во меѓувреме се решаваат. Со решение на ДИК во тие места ќе продолжи гласањето по стар начин односно со УВ лампа и спреј, а доколку се исправат техничките недостатоци ќе продолжи со техничката опрема. Тие места се ИМ 0838/1 во Кочани, ИМ 1251 во Охрид, ИМ1100 во Куманово, ИМ 1977 во Тетово, таму се работи на проблемот, мал проблем е и ќе се исправи наскоро, максимум за половина час или еден час, ИМ 2025 во Тетово и ИМ 2544 во Гази Баба и мислам дека веќе е поправено тоа, но мора да се донесе решение во моментот кога тоа не работело да се гласа со УВ лампа и спреј, рече Даштевски и додаде дека до ДИК досега пристигнале 15 приговори за избирачко право.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Да видат на нас како ни е:…

Срцевите пациенти во Англија се принудени да…

Апокалиптично предупредување за Газа

Шефот за хуманитарна помош на Обединетите нации…

После 50 години откриен е сериски убиец,…

Канадската полиција успеа да открие и да…

Турција испраќа помош за Иран – Ердоган:…

Турција испраќа опрема за пребарување и спасување…

Американскиот советник Саливан во Израел за разговори…

Советникот за национална безбедност на американскиот претседател…