(Видео) Двајца Македонци фатени со 137 килограми марихуана на граничниот премин Ѓуешево

t

На граничниот премин Ѓуешево, фатени се двајца Македонци со 137 килограми марихуана, јавија вчера бугарските медиуми.

Под раководство на Окружното обвинителство во Ќустендил се води истрага за шверц на наркотични супстанции преку граница – кривично дело според член 242, став 2, во врска со член 20, став 2 од Кривичниот законик.

„На 18 декември 2024 година, околу 22:30 часот, на влезот за камиони на ГП Ѓуешево пристигнале две товарни возила со регистарски таблички од Македонија, натоварени со руда за Турција. Царинските инспектори ги селектирале возилата за детална контрола. Во приколката на вториот камион биле пронајдени специјално изработени скриени прегради во дрвените хоризонтални рамки. Во нив биле откриени 320 пакети со наркотична супстанција – марихуана, со вкупна тежина од 137,045 килограми“, се вели во соопштението на бугарската полиција

Од таму додаваат дека двајцата возачи, македонските државјани Г.Н. и И.М., се осомничени и обвинети во постапката. Со одлука на јавниот обвинител, лицата се задржани во притвор во траење од 72 часа. Во наредниот период ќе биде побарано судско определување мерка „притвор“ за обвинетите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски вели: Од Нова година го прекинуваме…

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека…

Бегалецот Груби е во Драч, Ковачевски е…

Поранешниот вицепремиер Артан Груби, како и поранешните…

(Видео) Двајца Македонци фатени со 137 килограми…

На граничниот премин Ѓуешево, фатени се двајца…

Три лица се испотепале среде бел ден…

Вчера интервентната полиција во 15:15 часот во…

Вучиќ: Кинезите ме предупредија дека доаѓа обоена…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ зборуваше за…