(Видео) Двајца Македонци фатени со 137 килограми марихуана на граничниот премин Ѓуешево
На граничниот премин Ѓуешево, фатени се двајца Македонци со 137 килограми марихуана, јавија вчера бугарските медиуми.
Под раководство на Окружното обвинителство во Ќустендил се води истрага за шверц на наркотични супстанции преку граница – кривично дело според член 242, став 2, во врска со член 20, став 2 од Кривичниот законик.
„На 18 декември 2024 година, околу 22:30 часот, на влезот за камиони на ГП Ѓуешево пристигнале две товарни возила со регистарски таблички од Македонија, натоварени со руда за Турција. Царинските инспектори ги селектирале возилата за детална контрола. Во приколката на вториот камион биле пронајдени специјално изработени скриени прегради во дрвените хоризонтални рамки. Во нив биле откриени 320 пакети со наркотична супстанција – марихуана, со вкупна тежина од 137,045 килограми“, се вели во соопштението на бугарската полиција
Од таму додаваат дека двајцата возачи, македонските државјани Г.Н. и И.М., се осомничени и обвинети во постапката. Со одлука на јавниот обвинител, лицата се задржани во притвор во траење од 72 часа. Во наредниот период ќе биде побарано судско определување мерка „притвор“ за обвинетите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Мицкоски: Опозицијата прави хистерија околу Алта…
Опозицијата прави хистерија околу Алта банка, вели…
Универзитетот во Белград алармира: БИА речиси една…
Универзитетот во Белград изрази загриженост поради сознанијата…
(Видео) Мицкоски: ЕУ останува стратешка определба, ставот…
Премиерот Мицкоски на денешната заедничка прес-конференција со…
ВМРО-ДПМНЕ: Во куќата на Заев во Грција…
„Во куќата на Зоран Заев во Грција…
„Фемицидот мора да се спречи пред да…
Мирен протест со пораката „Стоп за фемицидот“…